Штип: ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ЏЕЗОТ во ОУК Дом на млади

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ЏЕЗОТ во ОУК Дом на младиПо втор пат оваа година Домот на младите се вклучува во семејството организации кои го обележуваат меѓународниот ден на џезот, 30-ти април. Оваа година се одлучивме за еден поинаков настан. Меѓународниот ден на џезот да го одбележиме со музиката на најпознатите џез артисти и нивната изведба во овогидинашниот град на џезот – Париз. Имено настанот предвидува директно вклучување и следење во живо на олстар концертот кој ќе се одржува во Париз, во организација на УНЕСКО. На концертот ќе настапат најпознтите џез музичари во светот. Herbie Hancock, Marcus Miller, Al Jarreau, Wayne Shorter, Dianne Reeves, Dee Dee Bridgewater, Rudy Perez, Terri Lyne Carrington, Dhafer Youssef, Femi Kuti, Ben Williams, John Beasley, Hugh Masekela, Till Bronner, Claudio Roditi, A Bu, Gregoire Maret, Lee Ritenour, Mino Cinelu, Igor Butman, Antonio Farao, Guillaume Perre и многу други. Со оглед на тоа дека Соединетите Американски Држави се колевка на џез музиката, а Американското катче од Штип е претставник на американската култура во нашиот град, тие се приклучуваат кон настанот во домот на младите и ќе обезбедат дванаесет фотографии од најпознатите џезери во светот. Фотографиите ќе бидат изложени во холот на домот на младите. Затоа, ги покануваме сите љубители на џез музиката кои сакаат да го проследат централниот настан по повод меѓународниот ден на џезот во полежерна клубска атмосвера, на голем видео скрин и со одлично озвучување, тоа да го сторат во четврток во 21:00 часот во Домот на младите.По втор пат оваа година Домот на младите се вклучува во семејството организации кои го обележуваат меѓународниот ден на џезот, 30-ти април.&nb

Пронајдете не на следниве мрежи: