Светскиот број 1 транс dj доаѓа во Скопје

Во сабота на 9 мај, под отворено небо, на скопското Лизгалиште ќе се случува најголемиот настан за љубителите на електронската музика годинава. После подолго време во Скопје повторно гостува „супер стар“ dj.Македонската публика ќе има неповторлива можност да го види и чуе настапот во живо на израелскиот дј ASTRIX, човекот кој долги години е на самиот врв на психоделичната и прогресив транс сцена. Астрикс е еден од пионерите на револуционерниот психоделичен звук и е првиот транс дј кој настапил на најголемиот светски фестивал за електронска музика TOMORROWLAND. Според најеминентното списание за електронска музика пред неколку години Астрикс се пласираше на високото 18 место од светската топ 100 dj листа. Многу често музиката на Астрикс е дел од сетовите на ARMIN VAN BUUREN, PAUL VAN DYK, PAUL OAKENFOLD и многу други. Многу наскоро ќе биде издаден и неговиот најнов албум, па Скопје ќе има можност ексклузивно да чуе дел од него.
 Стартот на настанот е предвиден за 22 часот, а исто така освен ASTRIX на истиот ќе настапат и dj-ите на Sun Production. Организаторите најавуваат одлично озвучување и осветлување големо ласер шоу, видео проекции и специјален декор. Влезници за овој настан може да се најдат во купи карти за се дистрибутивната мрежа, и онлајн на www.nastani.com.mk по супер промотивна цена. 
SUN PRODUCTION
www.facebook.com/events/1385361725123770
www.facebook.com/Astrix.Official
Кратка биографија:
Еден од пионерите во транс музиката, и артист на милениумот Astrix a.k.a Avi Shmailov, без конкуренција владее со транс сцената како класа А артист уште од нејзините сами почетоци. Неговиот уникатен и мелодичен стил го однесе наскедe во светот и го стави на место број 18 на Дј Маг 100 листата. Роден во Русија во раните 80ти години а пораснал во Тел Авив. Неговите први настапи се далечната 1995 година од кога и се занимава со креирање гоа транс музика. Албумот на милениумот и неговиот прв албум го издава 2001 година насловен ‘Eye to Eye’ за израелската издавачка куќа (HOM-mega Records), со него прави еволуција во светската транс сцена поместувајќи ги сите музички бариери, И после овај албум која трака и да ја слушнете од него знаете дека тоа е Аstrix. Настапувал пред многу бројна публика на секаде во светот. Првиот транс дј кој настапил на најпознатиот светски фестивлал TOMMOROWLAND, а исто така е дел од сите најзначајни настани и фестивали насекаде во светот. На 9 Мај ќе имате можност да го слушнете виртуозот во Скопје. Загарантирано добра музика, презентација на новиот албум и проверено најдобрата забава. Ве очекуваме
 Македонската публика ќе има неповторлива можност да го види и чуе настапот во живо на израелскиот дј ASTRIX, човекот кој долги години е на сам

Пронајдете не на следниве мрежи: