Не плачи, кај и да е ќе го победиме ВМРО!

Од појавувањето на „Слободен печат“ на чело со неговиот шеф Бранко Героски речиси и да нема период кога петденарското гласило не се занимава со тоа што работи „Дневник“, главниот уредник на „Дневник“, како и другите новинари кои не му се по мерак на бившиот коментатор во весникот „Kомунист“ и на неговите газди. Таква е и неговата вчерашна насловна. Тоа е, всушност, срцето на опозиционата стратегија: да ги напаѓаш, да им се закануваш, да ги клеветиш и навредуваш сите оние што работат во оваа професија, а кои не мислат како тебе. Тоа е очигледно стратегија и на лустрираниот Владе Милчин и на неговиот „Сорос“ и на Американците кои фрлаат по некоја пара за наводно загрозениот медиумски простор во Македонија.
Kако и да е, секој достигнува до таму до каде што му е дадено од Господ. На овој што самиот се фали дека бил на телефон со бившата министерска за внатрешни работи, покојната Доста Димовска, и дека кај неа можел да врти за некој што бил во притвор поради дрога, човекот за кој дузина пати јавно е кажано дека е од шупата за одгледување печурки на Фрчкоски, човекот кој самиот барал преместување од тогашна „Нова Македонија“ во гласилото на СKМ „Kомунист“ (време во кое цветаше демократијата), кој јавно го поддржа СДСМ на минатите избори и да не набројуваме понатаму, сега, очигледно во недостиг на способност да си ја врши работата, му останува само да се занимава со подметнувања.
Некогаш ќе го оставите нека крши глава оти обично не вреди на селската метла да ~ објаснуваш за правосмукалка, некогаш ќе одговориш, но така додека ние се занимаваме со себе, домашните и странските политички фактори си ја тераат својата работа. И веројатно сите заедно седат отстрана и се смеат на наводната сериозност на неколкугодишната медиумска пропаганда за тоа дека немало медиумски слободи.
Паралелно ова треба да донесе некаков подрасчистен терен за полесно манипулирање не само со новинарите туку и со политичарите, на кои граѓаните на избори им дале доверба. Не е многу интелигентно, но тоа е арсеналот на творците на стратегијата. Затоа кај нас не помагаат фактите, туку излитените фрази. Типови од тоа ергеле се и творците на извештаите за Македонија на наводно невладините странски организации.
Тие пишуваат дека овде нешто не чини, странците тоа го објавуваат, а потоа овие истите тоа го пласираат како независен и објективен факт. Во меѓувреме, за да се оправда сето тоа, се врши атак врз сите останати кои не се и не сакаат да бидат ставени во наводно демократската штала. За среќа, кај народот ова не поминува, а после за тоа виновен им е Цацко, а нему, веројатно, Владата и вселенските медиуми и новинари. Браво момчиња, само напред. Со вас, не осум, осумдесет години ќе ~ биде мандатот на оваа Влада.
Дарко ЈаневскиТаква е и неговата вчерашна насловна. Тоа е, всушност, срцето на опозиционата стратегија: да ги напаѓаш, да им се закануваш, да ги клеветиш и

Пронајдете не на следниве мрежи: