Во Скопје се одржа инфо ден во соработка со Град Скопје за програмата „Еразмус плус“

Студенти, ученици, наставници и професори, општинската администрација и активисти во цивилниот сектор земаа учество на првиот Инфо ден одржан во Скопје како дел од новиот циклус на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија и Град Скопје.Презентери на настанот беа директорот на Националната агенција М-р Дарко Димитров, М-р Лулеса Илјази и М-р Никола Јаулески, претставници на Агенцијата кои ја претставија програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика“.
 
Директорот Димитров најави дека ќе продолжи соработката со Град Скопје и останатите локални самоуправи во Македоија, се со цел мобилизација на училиштата и цивилниот сектор за поголемо учество во програмата Еразмус +.
Сите учесници на денешната трибина беа охрабрени да земат директно учество во трите клучни акции наменети за учењето преку индивидуални мобилности, соработка за иновација и размена на добри практики, како и поддршка на реформата на политиките кои ги покриваат сите типови на активности. Токму, програмите се со цел учесниците да се стекнат со искуства од своите врсници и колеги од цела Европа.
Како програма, „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, стажирање, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот.
 
Вкупниот буџет за ЕРАЗМУС+ изнесува 14.7 милијарди евра, зголемувајќи го претходно постоечкиот буџет за сите програми за 40%. Нуди зголемени можности за учење во странство за ученици и наставен кадар. Грантираните проекти ќе обезбедат обука за приближно 4 милиони лица и 125.000 организации.
 
Исто така, се покажа интерес за за клучнa акција 1 – „Учењето преку индивидуални мобилности“ која создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини, подобрување на вештините за вработување и зголемување на културната свест. 
 
Димитров на крајот ги покани сите присутни да земат учество на Валоризационата конференција која ќе се одржи на 03.02.2015, вторник, на која ќе бидат презентирани успешни приказни од програмите кои управува Националната агенција. Оттука присутните на конференцијата ке можат да добијат јасна слика за мозностите кои ги нуди програмата Еразмус + како и да споделат идеји за идни проекти.Презентери на настанот беа директорот на Националната агенција М-р Дарко Димитров, М-р Лулеса Илјази и М-р Никола Јаулески, претставници на Агенциј

Пронајдете не на следниве мрежи: