Гораст Цветковски и Жарко Димитриоски на „Code App, Level Up 2“

Во насока на поддршка за студентите од техничките факултети и доусовршување на нивните способности поврзани со развој на мобилните апликации, невладината организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје и Студентскиот Парламент на ФИНКИ како ко-организатор, го организираа настанот „Code App, Level Up 2“, кој со сигурност ќе биде од огромно значење за студентите во однос на креирањето мобилни апликации и ќе претставува патоказ во натамошното студирање.На 9-ти Декември на ФИНКИ ќе се одржи официјалното отворање на интернационалната, напредна работилница „Code App, Level Up 2“ која на огромно задоволство ќе ја отвори познатиот актер Гораст Цветковски.
За време на еднонеделната работилница ќе учествуваат дванаесет странски и околу четириесет македонски учесници кои ќе имаат можност да слушаат предавања од искусни предавачи, поделени во три модули: кодирање, дизајн и претприемништво. Со тоа ќе можат да ги надоградат своите познавања и како студенти да излезат како поконкурентни на пазарот.
Финалето на настанот е на 14-ти Декември, каде тимовите ќе го презентираат својот краен продукт и ќе биде избран само еден тим од страна на стручното жири како победник. Честа да го затвори овој настан ќе ја има водителот Жарко Димитриоски.
Сите тековни информации можете да ги најдете на фан страната и на веб страната на ЕЕСТЕК ЛК Скопје.На 9-ти Декември на ФИНКИ ќе се одржи официјалното отворање на интернационалната, напредна работилница „Code App, Level Up 2“ која

Пронајдете не на следниве мрежи: