Промоција на романот „Ѕвездите на Егер“ од Геза Гардоњи

Во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, во четврток, 4 декември, во 17:30 часот ќе биде промовиран романот „Ѕвездите на Егер“ од Геза Гардоњи, во превод на македонски јазик на Паскал Гилевски.Во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, во четврток, 4 декември, во 17:30 часот ќе биде промовиран романот „Ѕвездите на Егер“ од Геза Гардоњи, во превод на македонски јазик на Паскал Гилевски. За животот и делото на авторот ќе говорат: поетот и литературен критичар Раде Силјан и др. Јожеф Бенце, Амбасадор на Република Унгарија во Македонија. Геза гардоњи спаѓа меѓу најзначајните унгарски прозаисти на сите времиња. Како што ќе напише во „Историјата на унгарската литература“ познатиот критичар, Јанош Барта: „неговата популарност може да се мери со најголемите унгарски писатели“. Тој е во рангот на познатите
Шандор Мараи, Лајош Залахи, Магда Сабо, Ласло Немет и секако Имре Кертес, единствениот унгарски Нобеловец.
Промоцијата е во организација на Книгоиздателството „Матица македонска“ и Амбасадата на Република Унгарија во Републкика Македонија. На овој свечен чин ќе присуствува и Државниот секретар за културна и научна дипломатија Иштван Ијѓарто.Во Мултимедијалниот културен центар

Пронајдете не на следниве мрежи: