Со цел да им помогне на средношколците при изборот на факултет, на 12 април со почеток од 11:00 до 16:00 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА по втор пат ќе се одржи конференцијата за професионална ориентација под наслов „Професијата како личен идентитет“.Настанот е во организација на Ротари клуб Скопје – Камен Мост, кој и понатаму продолжува со активностите за поддршка на младите талентирани луѓе, помагајќи им да ги остварат своите потенцијали. На конференцијата ќе бидат одржани говори и дискусии на повеќе теми како: архитектура и градежништво, бизнис и финансии, инженерство, медиуми и маркетинг, право, образование, истражување и наука.
„Изборот на факултет е одлука која е значајна не само за професионалната иднина на еден млад човек, туку и пошироко за неговиот идентитет, имјаќи во предвид во колкава мера професијата е дел од нашето секојдневие и дејствување во околината. Токму затоа ја организираме оваа конференција, на која младите луѓе ќе имаат можност да слушнат интересни искуства и размислувања од еминентни гости говорници и професионалци, а со цел да им помогнат во процесот на донесување одлука“, изјави Александра Дилевска Симова, претседател на Ротари клуб Скопје Камен Мост.
Минатата година 139 средношколци од повеќе од 14 училишта го посетија настанот, и истиот преку прашалник го оценија како успешен и извонредно корисен. Местата за настанот ќе се пополнуваат според редоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на [email protected]. Програмата на конферецијата е достапна на сајтот на Meѓународното училиште НОВА www.nova.edu.mk .Настанот е во организација на Ротари клуб Скопје – Камен Мост, кој и понатаму продолжува со активностите за поддршка на младите талентирани луѓе, п