Вип оператор воведе најсовремен систем за корисничка поддршка

Скопје, 25 март 2014 г. – Вип оператор воведе нов систем за Управување со односи со корисници (CRM – Customer Relation Management).Со воведувањето на овој нов систем се постигнува подобрување на квалитетот на опслужување на корисниците, како и целосен фокус кон индивидуалните потреби на корисниците. Со тоа корисниците добиваат супериорна грижа, индивидуален пристап и третман што овозможува дополнителено унапредување на грижата за корисници.
Новиот систем за Управување со односи со корисници е дизајниран на начин кој овозможува целосен фокус кон сите потреби на корисникот, не ограничувајќи се само на системите за наплата. Со овој систем им се овозможува на агентите кои работат директно со корисници на едно место да ги имаат сите продукти и услуги кои ги користи корисникот, како и сите интеракции кои корисникот ги имал и ги има со компанијата. Автоматизацијата на текот на работата ги замени процесите кои мануелно се повторуваа. Голема придобивка е Сервисно ориентираната архитектура која е поддржана со стандардни интерфејси за веб-услуги. Со тоа на агентите им се овозможува за кусо време да имаат целосен преглед на корисникот и да му го понудат решението што најмногу одговара на неговите потреби за комуникација. 
Во исто време, овој систем овозможува Вип брзо да реагира на барањата на динамичниот пазар за мобилна телефонија и ефикасно и брзо да менува или воведува нови продукти и услуги.
Благодарение на новиот CRM систем, агентите во контакт центарот на Вип, како и продажните агенти имаат целосен и централизиран преглед во целокупната интеракција на корисникот со компанијата, при што се намалува времето за обработка и решавање на поднесените барања, со што драстично се намалува времето за активација на некоја услуга, полесно се идентификуваат различните потреби на корисникот, лесно се персонализира препорака за пакет или услуга за истиот, што секако доведува до поголемо задоволство на корисниците.  
Со воведувањето на новиот CRM систем, Вип уште еднаш ја докажува својата корисничка ориентација и заложбата за постојани инвестиции во грижата на корисници, исполнувајќи го ветувањето Повеќе за вас.
Воведувањето на CRM  системот во Вип оператор е дел од прокетот на Телеком Австрија Групацијата за ИТ трансформација со воведувањето на нови системи за CRM (Customer Relation Management/Управување со односи со корисници) во Випнет (Хрватска), Вип мобиле (Република Србија) и Вип оператор (Република Македонија).Со воведувањето на овој нов систем се постигнува подобрување на квалитетот на опслужување на корисниците, како и целосен фокус кон индивидуалните п

Пронајдете не на следниве мрежи: