Груевски: Нашата цел се реформи и отворање на нови работни места

Ќе продолжиме со поддршката на Ѓорге Иванов и кон новите заеднички цели, Македонија да продолжи да чекори и да ги оствари европските и евроатлантските интеграции, со почитување на државните и националните интереси, принципиелно и одговорно и со почитување на волјата на народот.Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот Централен митинг во Охрид, каде владејачката партија доби огромна поддршка. 
-Да продолжиме да ја намалуваме невработеноста, да се вработуваат граѓаните, да се инвестира во капитални добра, кои ја помагаат и економијата, но имаат и голема и шитрока корист за народот од секоја нација и од секоја вера. Да продолжиме да чекориме по патот на успехот, мудро, достоинствено и со многу работа, рече Груевски. 
Груевски нагласи дека големината на Македонија не лежи во нејзината тероторија и границите кои ја отцртуваат, големината на Македонија, како што рече Груевски, лежи во нејзините луѓе, “длабоко во нашите корени, во секој од нас, во традицијата, во соживотот кој што го градиме со векови, во вредностите кои што ги поседуваат нашите градови и села и луѓето во нив“.

 
Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот Централен митинг во Охрид, каде владејачката партија доби огромна поддршк

Пронајдете не на следниве мрежи: