Пендаровски сака да ја придобие довербата на нaродот и да ги врати методите на неговиот ментор, неговиот шеф и идол, Бранко Црвенковски, изјави вечерва на воведниот митинг во Охрид пред повеќе од 50.000 граѓани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.Груевски нагласи дека на Македонија не и треба нов Бранко или негов советник, “нов сплеткарош, манипулант и човек со ставови исти како оние на Црвенковски“.
-Кандидатот на Бранко нема да ја добие довербата на македонскиот народ и на мнозинството граѓани на Република Македонија, затоа што помина неговото време и не може со вакви подметнувања на негови пиони повторно да ги стави во залог за свои лични интереси, интересите на Македонија и народот во неа. Таа приказна повторно нема да помине, рече Груевски.
Тој потенцираше дека во овие пет години, граѓаните имаа можност да видат што е чесен човек за претседател, ама не само да дојде на позицијата како чесен, туку чесно и да го заврши доверениот мандат
-Не е лоша работа да се биде советник, но прашањето е какви совети си давал, а по постапките на неговиот шеф, видовме какви биле советите. Ако пак не е така, тој ќе се повлечеше од фунцијата советник или пак ќе се оградеше јавно. Не, спротивно на тоа исто како и Заев, тие се гордеат со ликот и делото на транзицискиот манипулант, рече Груевски.
Груевски рече дека не е клучното само какви совети давал Пендаровски, уште поважно е како стана советник.
-Стана откако партијата ДУИ направи “дил“ со Бранко Црвенковски, тие нему да му ги наполнат кутиите и да стане претседател, а тој нив, Законот за територијална распределба, со се Кичево, со се Струга и Сарај и Кондово. Е тука е она што ви го говорев пред малку, кога велев личните интереси пред државните интереси. Но за тоа да се оствари, требаше само една работа, да се најде претседател на ДИК, кој сето тоа ќе го реализира, и фалсификатот за претседателските и територијалната организација. И се најде, Стево Пендаровски, тој го легализираше масовното полнење на кутиите на изборите кои ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ги призна. Пендаровски за таа одработена задача доби награда советник, а сега и кандидатура за претседател, рече Груевски.
Груевски нагласи дека на Македонија не и треба нов Бранко или негов советник, “нов сплеткарош, манипулант и човек со ставови исти како оние н