Сакам кога е празнично…

Месец е на празници, а времето е преубаво. Едвај чекаш да ја допреш студената дланка на снегот. Излегуваш, подготвен да уживаш во убавините што ќе ги сретнеш. ..Месец е на празници, а времето е преубаво. Едвај чекаш да ја допреш студената дланка на снегот. Излегуваш, подготвен да уживаш во убавините што ќе ги сретнеш. Кој може да им одолее на празничните детали: уникатни и романтични светилки, украсени булевари, плоштади со елки, излози пред кои со часови би стоел. А кога ќе се вратиш дома, возбудата станува уште поголема: огнот во каминот танцува бавно, во аголот стои преубава елка. Свеќи со различни мириси, чекаат на тебе, да бидат запалени. Тука некаде, си сокрил и шише добро вино, кое чека на уникатни празнични моменти. Им има ли крај на овие убавини? Семејството се подготвува за заедничко славење, пријателите набргу ќе заѕвонат на врата. Но, најубавото допрва доаѓа. Од масата, полека се шират мириси на свежо печени Sunday колачиња, мммм, твоите сетила се веќе подготвени за реакција. Бадеми, ореви и цимет, заводливо допираат до твоите усни. А искушението не престанува, постојано и постојано предизвикува, со уникатни комбинации од ванила и чоколадо, или кревко пециво натопено со џем. Ти не би одбил ниту едно од нив. Sunday колачи со ореви и мед и гурабија со бадем како бела зимска убавица. Sunday баклава во различни форми, прелиена со чоколадо или исполнета со фил од вишни, секоја уникатно подготвена да ги пресретне твоите секогаш нови, слатки имагинации.
И ете, дојде моментот кој го чекавме. Семејството е заедно, се слуша заедничка песна, се разменуваат погледи на љубов, а ти не ја криеш насмевката.
Задоволството на твоето лице е потврда дека сме ја постигнале целта.
Нека празниците ти бидат вистинско уживање со Sunday и нека потоа Sunday го направи секој твој ден – ПРАЗНИК!
СЛАТКИ ПРАЗНИЦИ!
Повеќе информации за Sunday можете да најдете на нивната фан страна на следниот ЛИНКМесец е на празници, а времето е преубаво. Едвај чекаш да ја допреш студената дланка на снегот. Излегуваш, подготвен да уживаш во убавините што ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: