Печалбарската Македонска судбина

Дека печалбарска била македонската судбина, напишал уште на времето Антон Панов. Долги години потоа, и мојата животна приказна го потврди безвременското дело на еден од најдобрите македонски писатели.Дека печалбарска била македонската судбина, напишал уште на времето Антон Панов. Долги години потоа, и мојата животна приказна го потврди безвременското дело на еден од најдобрите македонски писатели.
Мартина Андријевска за Фактор.мк
Под притисокот на егзистенционалните проблеми, многу Македонци се одлучуваат да одат да бараат работа во туѓина, а меѓу нив се најдов и јас. Не можам да кажам дека изборот на професијата влијаеше да бидам без работа, бидејќи покрај новинари, професори и уметници, одат да работат на брод.
Аплицирав во двата најголеми посредувачи за работа на брод „Коузон“ и „Мајоми“. Се одлучив да одам преку „Мајоми“ и следеа низа активности. Временскиот период додека да тргнеш на брод од твоето аплицирање е од 1 месец па до 1 година, во зависност од ксметот што го имаш. Сите овие активности ќе ве чинат окулу 1.500 евра, но  тогаш ја купив авионската карта до Мајами. Меѓутоа „Carneval“ (бродската компанија) сега им испраќа авионски билети на сите вработени.

Понесена од возбудата на предизвикот, не ја осетив тежината на зборовите дека ќе работам од 10 до 16 часа дневно, без ниту еден слободен ден, во рок од 6 до 8 месеци. Откако уморот ми стана константно чувство, ја изгубив мотивацијата бидејќи работев за 20 долари на ден. Понекогаш заработував 50 долари и повеќе, а најмногу успеав 90 долари на ден. Но, каков ти е ксметот. Се зависи од тоа на кој брод ќе те ангажираат, а најважно е на која работна позиција.
Брод претставува движечки хотел на вода со 1.200 вработени, а можат да бидат и повеќе во зависност од големината на бродот. Работни позиции има различни од чистачи, собари, келнери, кувари, до менaџери, продавачи, забавувачи, магионичари, фризери, фитнес инструктори, електро и машински инженери, капетани. Таму ќе најдете луѓе од секаде на светов, различни култури, нации собрани на едно место, со една цел да спечалат пари. Моето видување беше дека тоа се библиските Содома и Гомора, кадешто излегуваат на површина најлошите човечки особини. Меѓутоа, сепак не можам да ги осудам, бидејќи на ниту еден човек што го сретнав таму животот не му бил „сјаен“.

Пловејќи меѓу ајкули, во иреален свет на лицемерие и лажни насмевки, носталгија „ме фати“. Мојот живот немаше вкус, храната беше со различна боја, но без вкус. Сето беше лажно и бесмислено. Во потрага по слобода, станав роб на американското општество. Не верувам дека некој сака да робува, меѓутоа имаше луѓе на брод кои работеа по 20 – 30 години. Кога машинеријата на правење пари ќе те вовлече во себе, се трансформираш во долари. Се губиш во тој иреален свет, бидејќи и така си сакал да избегаш од реалноста која е сурова.
Има и прекрасни мигови, не е се така црно. Кога ќе си „скратиш“ од спиењето, можеш да ги видиш убавините на пристаништата. Никогаш не сум сонувала дека ќе го видам Мајами, Бахами, Л.А, Холивуд, Мексико и Каталина. Тогаш се полниш со енергија и продолжуваш да работиш. Исто така се запознав со луѓе од секаде од светот, секој човек приказна за себе. Меѓутоа, сепак луѓето се групираа, Балканци си се држеа заедно, Филипинци на друга страна, Индијци на трета…
Сепак најголемо влијание има менталитетот на луѓето, па затоа и така се групираат. Но, стекнав другарки од Русија, Канада, Африка, Мексико другари од Перу, Италија, Романија, Индија…
Откако ми заврши 6 месечниот договор дома се вратив со 3.000 долари, сума која варира во зависност од тоа каква ти е кармата. Првиот договор секогаш најмалку пари се печалат, некои од моите колеги си однесоа дома 700 долари некои над 10.000 долари. Некои повторно се на брод да работат, а некои не можат тој живот да го живеат.
Јас одлучив среќата да ја барам во Македонија, иако тоа е многу тешко во оваа ситуација. Не е секој создаден да живее во туѓина, некој се пронаѓа таму себе си , а други остануваат да се борат во својата татковина. Македонија е прекрасна земја, исполнета со безброј природни убавини, вкусна храна и различни годишни времиња. Тука е мојот дом, фамилија и пријатели, тука ќе се борам за да преживеам.
Извор: МКDnewsДека печалбарска била македонската судбина, напишал уште на времето Антон Панов. Долги години потоа, и мојата животна

Пронајдете не на следниве мрежи: