Героски призна дека е финансиран од Соросовата фондација, но не открива кој е нивниот интерес

Раководителот на Плусинфо и поранешен уредник на весникот „Шпиц“, Бранко Героски, во својата најнова колумна објавена на порталот уште еднаш признава дека проопозициските медиуми се финансирани од Соросовата фондација и други странски извори, но притоа не открива кој е нивниот интерес и за кого всушност  работат тие странски извори и невладини организаци.
 Раководителот на Плусинфо и поранешен уредник на весникот „Шпиц“, Бранко Героски, во својата најнова колумна објавена на порталот уште еднаш признава дека проопозициските медиуми се финансирани од Соросовата фондација и други странски извори, но притоа не открива кој е нивниот интерес и за кого всушност  работат тие странски извори и невладини организаци.
Героски во колумната посветена на формирањето на Асоцијацијата на интернет портали на Македонија констатира дека македонските новинари биле поделени на два големи табори.
„Од една страна се тие што ја поддржуваат оваа власт, а таа обилно им возвраќа и ги корумпира; од друга страна се новинарите што ја имаат таа (не)среќа да работат во медиумите што ја критикуваат оваа власт и кои добиваат поддршка од Соросовата фондација и посредно, од други странски извори, преку неколку невладини организации од медиумскиот сектор“, пишува Героски.
Ова е втор пат во краток период Героски да признае дека новинарите од критички настроените медиуми добиваат директна поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија, откако истото го напиша во колумна од 24-ти јуни.

Она што Героски треба да и го објасни на македонската јавност е кој е интересот на таквите финансиери, Соросовата фондација, другите странски извори како што тој ги нарекува и неколкуте невладини организации од медиумскиот сектор, за што тие работат?
Воедно, Героски треба и да објасни како оние медиуми кои според неговите зборови се поддржани од власта и одработуваат за некого се корумпирани и недемократски, додека пак оние другите кои директно се финансирани од Соросовата фондација и “други странски извори“  се некорумпирани и подемократски  од оние првите, без да открие кој е интересот на ваквите фондации, странски извори и невладини организации и за што тие всушност работат и која е нивната добивка.
Ова е уште една шуплива теза на Героски, на која овој пат не можевме да оддолееме.
Курир.мкРаководителот на Плусинфо и поранешен уредник на весникот „Шпиц“, Бранко Героски, во својата најнова колумна објавена на порталот уште

Пронајдете не на следниве мрежи: