„Отпорот“ сакаше, а сега бега од предвремени избори

За време на локалните избори, отпорашите навиваа и бараа предвремени парламентарни избори, а сега кога премиерот Никола Груевски ги најави за октомври тие се исплашија. Оние политичари кои пееја „Бела чао“ сакајќи да се претстават како одговорни политичари, денес пропаднаа во вода и се исплашија од предлогот на премиерот. Пред пет месеци гласно бараа избори, а сега не сакаат истите да им се случат.
„На локални избори ќе одиме, парламентарни предвремени избори ќе има“. Со овие зборови, екс-претседателот на СДСМ се обрати пред своите поддржувачи пред само пет месеци.
Низа поставени услови ја проследија предизборната кампања во пресрет на локалните избори. Најглавниот адут на СДСМ во тоа време беше ултиматумот предвремени парламентарни избори да има оваа есен.
Тие јавно бараа предвремени парламентарни избори, условуваа за нив. Сега не сакаат истите да се случат.
Залудни се сите нивни обиди да се замајува јавноста со било какви тези и одговори, јасно е дека СДСМ не сака да оди на избори и дека и нивното ветување пред гласачите дека избори ќе има е само чиста лага и блефирање.
Ваквото нивно однесување е јасен показател дека тие се плашат да ја слушнат одлуката на граѓаните, се плашат да загубат на уште едни избори.Оние политичари кои пееја „Бела чао“ сакајќи да се претстават како одговорни политичари, денес пропаднаа во вода и се исплашија од

Пронајдете не на следниве мрежи: