Видео: Зошто 2-ри август е значаен ден за македонскиот народ?

Македонија и македонскиот народ на утрешниот 2-ри август прославува 110 години од Илинденското востание и создавање на Крушевската Република. Овој ден е важен за македонскиот народ, бидејќи големите војводи како Питу ГУли, Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Тодор Христов и многу други преку востание се обиделе да ја ослободат територијата на Македонија од Турците и да обезбедат мирна и спокојна иднина за македонскиот народ.
Подготовките биле големи и долги. На 30 јули 1903 година во Биринската Планина Крушевскиот востанички штаб одржал состанок на кој присуствувале Никола Карев, Тома Никлев, Иван Наумов – Алабакот, Андреја Димов – Докурчев, Питу Гули и потпоручникот Тодор Христов.
Тогаш дефинитивно бил завршен планот за преземање на Крушево и биле поделени задачите на одредите. Тајноста за нападот била сочувана, а во градот за нападот знаеле само Григор Божинов и Тодор Павлов, кои се распоредиле на одредените места и подготвени го очекувале сигналот за почетокот на востанието. Потоа, оваа група војводи го објавила почетокот на востанието, а владата во Крушево, односно Никола Карев покрај останатите мерки во однос на одбраната, за да го придобие муслиманското население во околината на Крушево, особено тоа да не се вклучува во башибозукот, го испратил Крушевскиот манифест до турските села во кој, меѓу другото, се наведувало:
“Ние не кренавме пушки против вас. Тоа би било наша срамота. Ние не востанавме против мирниот, трудољубив турски народ што се прехранува како и ние со крвава пот – тие се наши браќа и со нив сакаме да живееме. Не сме излегле да колеме, да крадеме и да грабаме. Доста ни се зулумите на многу зулумџии во нашата окрвавена Македонија. Не сме кренале да ги покрстуваме вашите мајки и сестри, жени и ќерки. Ние не сме разбојници, туку револуционери што положиле клетва да умрат за правда и слобода. Ние се бунтуваме против тиранијата и ропството, против зулумќарите, против насилниците на нашата чест и против оние што ја цедат нашата пот и го експлоатираат нашиот труд. Немојте да се плашите од нас и од нашите дела – нема никому да му нанесеме штета… Ако нé имате како свои браќа и ни го мислите доброто, ако сакате и натаму да живеете со нас и ако сте достојни синови на Македонија – можете да ни помогнете само со едно, а тоа е голема помош за нас, не здружувајте се со душманите, не кревајте пушка против нас и не правете зулуми. Да живеат борците за права и слобода и сите чесни македонски синови!”
Првичните борби имале голем успех и за кратко време биле ослободени повеќе територии низ Македонија. На една од ослободените територии во Крушево била прогласена и Крушевска Репубила на чесо со Никола Карев, а таа била првата Република на Балканот. Тоа било значаен момент за Македонците кои имале надеж дека конечно ќе се ослободат од турско ропство. За жал, Крушевската Република траела само 10 дена.
Сепак, многумина од турската власт, биле изненадени и воодушевени од ваквиоот потег на храбрите македонски војводи. Но, Турците колку и да биле воодушевени од овој потег, решиле да ја нападнат слободната територија со 18.000 војници, каде што тие денови на Мечкин камен се одигра една од најважните битки за ослободување на македонскиот народ.
Македонските востаници храбро се бореле против турската војска со црешовите топчиња, кои се симболика за овој важен ден 2-ри август.
Иако ова значајно востание било крвнички задушено, сепак остава голема трага и белег кај македонскиот народ, а сите идни генерации го користеле за инспирација за ослободување на Македонија и создавање на една самостојна и силна држава.
По тој повод, утре 2-ри август, ден Илиден е значаен ден за нашиот народ, каде што централната манифестација ќе се одржи  на Мечкин Камен, кога пред присутните ќе се обрати и претседателот на Владата, Никола Груевски.Овој ден е важен за македонскиот народ, бидејќи големите војводи како Питу ГУли, Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Тодор Христов и многу други

Пронајдете не на следниве мрежи: