Пронајдениот костур на кралот Ричард Трети откри нова мистерија

Археолозите кои ги најдоа останките на познатиот англиски крал Ричард Трети открија нови факти за неговата смрт, открива Си Ен Ен. Драматично откривање за неодамна загубените останки на англискиот крал Ричард Трети, пишува Си Ен Ен. 
Во ковчегот кој ги криеше останките на овој познат крал, е пронајден уште еден полам оловен ковчег, за кој се претпоставува дека се наоѓаат останки од друго лице, засега непознато за археолозите. 
„Помалиот ковчег е недопрен. Постои само мала дупка низ која може да се видат нечии нозе“, изјави директорот на теренската работа кој исто така работи на ископување на ковчегот на познатиот крал Ричард Трети. 
Ископувањето на ковчегот започна во февруари минатата година, а ископувањето се одвиваше отежнато поради тоа што ковчегот беше пронајден под голем паркинг. По некое време, археолозите утврдија дека тоа е ковчегот на Ричард Трети, крал на Англија кој владеел само две години, од 1483 до 1485 година. 
 
Археолозите кои подоолго време работат на ископувањето на ковчегот велат дека е доста возбудливо што пронашле уште еден ковчег скриен во ковчегот на кралот во кој исто така се наоѓа засега непознато тело. 
Постојат три сомневања од страна на археолозите за тоа кој може да биде човекот кој бил закопан заедно со познатиот англиски крал. Некои сметаат дека тоа може да биде познатиот витез Сер Вилијам де Мотон или пак некој од двајцата лидери на англискиот дворец, Петар Свингсвелд и Вилијам Нотингем. 
Останува да видиме дали некои од овие тројца бил закопан со кралот и која е причината за во ковчегот на кралот да се наоѓа уште еден ковчег. Драматично откривање за неодамна загубените останки на англискиот крал Ричард Трети, пишува Си Ен Ен. 
Во ковчегот кој ги криеше остан

Пронајдете не на следниве мрежи: