Една година ПУЛС24

Ееее, да не ти се верува, помина една година откако започнавме со работа.. Првото лого, првата парола ни беше ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ГО ПУЛСОТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ.И мошне брзо ги освоивме вашите симпатии. Започнавте во голем број да не следите. Што доведе до брзо искачување на скалилата на најпопуларни сајтови во нашата држава. 
За да веќе во ноември минатата година станеме први по посетеност, со над 130.000 посети во просек дневно. И од тогаш до денеска ПУЛС24 е прв сајт по посетеност во Македонија, далеку далеку над конкуренцијата. 
Еве како стојат бројките година дена потоа, за оние што се занимаваат со бројки или пак ги интересираат статистики. Сме имале околу 36 милиони посетители, кои погледнале околу 100 милиони статии кај нас. Тие 36 милиони посетители се задржале во просек по 4 минути на сајтот. Ова е навистина импресивно време и само нашите сервери си знаат како издржуваат. Трошиме бендвит по над 6-7 терабајти месечно. Се случува во сат време да потрошиме по 20 гигабајти сообраќај…

Но, како да ви кажеме, се радуваме што сме заедно. И сега ќе се повикам на втората наша девиза: ОСТАНЕТЕ СО НАС, САМО ШТО ЗАПОЧНАВМЕ. 
Па да си честитаме…
 И мошне брзо ги освоивме вашите симпатии. Започнавте во голем број да не следите. Што доведе до брзо искачување на ска

Пронајдете не на следниве мрежи: