Нови измами на Бобан Насев: Бил директор на ВИП, АМС…

Бројот на измами кои ги сторил сопственикот на порталот комуникација, 31- годишниот Бобан Насев се зголемува. По поднесувањето на кривична пријава против него, во велешката и штипската полиција четворица граѓани пријавиле дека биле измамени од него.
Во продолжение прочитајте го интегралниот текст од соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги довел во заблуда оштетените П.В.(1962) од Кочани, Н.А.(1990) од Штип, С.С.(1951) од с.Врасаково-Штип и М.М.(1971) од Велес, со  лажно прикажување на факти дека ќе им помогне за  вработување или по друг основ со што се стекнал со противправна имотна корист од приближно 18.500 евра и 52.500,оо денари. Сите измами се пријавени по повикот на МВР, откако оштетените го препознаа осомничениот откако беше прведен. Вклучувајќи ги и овие пријави, досега вкупно 9 граѓани се пожалиле дека биле измамени од Н.Б. кој успеал да ги оштети за сума од преку 40 000 евра.
Имено, оштетениот П.В. пријави дека на 19.06.2013година, Н.Б. го довел во заблуда и му ветил, лажно прикажувајќи му факти, дека тој како еден од директорите на мобилниот ВИП оператор  во Скопје, ќе му заврши работа неговата ќерка да замине на шест месечна специјализација во Америка, а кога ќе ја завршела специјализацијата тој ќе ја вработел во Владата на Р.Македонија како дипломат за односи со јавноста. Исто така го довел во заблуда дека  пред одењето за Америка, преку негови блиски пријатели ќе  средел таа да добие оригинал дипломи за завршен курс по Англиски јазик и при тоа му побарал и го навел да му даде 6.200евра, кои оштетениот и му ги дал.
Оштетената Н.А., пријави дека на 24.05.2013 година, Б.Н., преставувајки се како директор на Агенцијата за млади и спорт при Владата на Р.Македонија, при нивното видување во нејзиниот дом во Штип, ја довел во заблуда, лажно прикажувајќи и факти, односно ветувајќи дека тој ќе и заврши работа таа да се вработи како негова асистентка. Побарал и ја навел таа да му даде 3.000евра. По два дена, односно на 26.05.2013 година, повторно при нивното видување, доведувајќи ја во заблуда дека службено ќе ја водел за Амстердам и побарал и навел таа да му даде уште 2.000евра. Исто така на 29.05.2013 година, при нивното повторно видување доведувајќи ја во заблуда дека тој преку негови блиски пријатели ќе и средел да добие оригинал дипломи за завршен курс по англиски и германски јазик ја навел таа да му даде 700 евра, а на 25.06.2013 година повторно доведувајќи ја во заблуда дека ќе и извади Акредитација од Агенцијата за млади и спорт за слободно влегување во Агенцијата како вработена и побарал и навел таа да му даде 52.500 денари, со што вкупно ја оштетил за 5.700евра и 52.500денари.
Оштетениот С.С. појасни дека Б.Н. со кој лично се познава., на 18.03.2008 година при нивна средба во продавница ,,Монт-Термо-С“ Штип сопственост на оштетениот, преставувајќи се  како менаџер на фестивал за забавни мелодии кој ќе се одржи во Кочани, го довел во заблуда, лажно прикажувајќи му факти, односно ветувајќи дека тој ќе му помогне неговиот син И.С. да учествувава на фестивалот за забавни мелодии кој требало да се одржи во Кочани и ќе му биде напишана песна за учество на фестивалот во Кочани од страна на ПОП РОК Студиото-Д.Ф.М.П-ПОП РОК Фест Скопје за што му побарал да му даде 650 евра. За наводната услуга што ќе му ја заврши, С.С. на Б.Н. му дал 500 евра и притоа потпишале договор кој Б.Н. го носел со него во погоре наведената продавница. После еден ден откако С.С. му ги дал парите, од негови блиски пријатели од Кочани дознал дека таков фестивал повеќе од 10 години не се одржува во Кочани, по што С.С. сфатил дека е измамен.
На 01.07.2013 година, М.М. од Велес пријавила кривично дело „Измама“ сторено од страна на Н.Б. кој преставувајќи и се како директор на Агенција за одземен судски имот и ветил вработување, при што по разни основи и побарал и добил 6000 евра. Изготвен е Записник за прием на пријава.
По целосно документирање на пријавените кривични дела до Основното јавно обвинителство во Штип ќе биде поднесен посебен извештај  во врска веќе поднесената кривична пријава против Н.Б. над кого од страна на ИС при ОС Штип е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.Бројот на измами кои ги сторил сопственикот на порталот комуникација, 31- годишниот Бобан Насев се зголемува. По подне

Пронајдете не на следниве мрежи: