Панајотарос: Секогаш ќе ги викам Циганоскопјани- актуелната грчка влада нема право да го реши спорот со името

Актуелната грчка влада нема да се осмели да го реши прашањето за името- ова е изјавата на пратеникот на неонацистичката партија Златна Зора, Илијас, Панајотарос.
-Секогаш ќе ги викам Циганоскопјани, актуелната грчка влада нема законско право да го реши прашањето за името, а само националистичка, еднопартиска влада може повторно да ја направи силна земјата, вели Панајотарос, кој преку интервју потврдува дека навредливата именка која ја слушнавме во парламентот веќе е дел од неговиот речник и нема намера да ја исфрли од употреба, а ги отвора картите и во однос на прашањето за името, пренесува Канал 5 телевизија.
Панајотарос вели дека актуелната грчка влада е свесна дека има низок рејтинг и нема да се осмели да го реши прашањето за името.
-Најпрво не се легитимни да го сторат тоа. Владата што ја имаме, тоа е лажна влада со мал процент во грчкиот народ. Види ги процентите од најдобрите анкети. Неа димократија 24% и ПАСОК 4%, што значи 28%. Од кога 28% се легитимни да отстапуваат имиња за останатите 72%? Во 1992та Златна зора објави постер со сонцето од Кутлеш и со слоганот „Никаков компромис за нашата Македонија” Од тогаш до сега сме со непроменети позиции, Дали со 7%,дали со 17% или со 27% или да остане сам еден златнозорец, за името на Македонија не се преговара, вели Панајотарос во одговорот на прашањето какви се изгледите по разговорите меѓу Иванов и Папуљас во Загреб, и по последните случувања, дека постои можност за решение.
Новинарот, кој судејќи и според ориентацијата на весникот, но и според одговорите на Панајотарос, е поддржувач на Златна зора, му вели на пратеникот од неонацистичката партија: „Ти се восхитував а ти се восхитуваше и пола Грција кога го виде видеото на интернет како го средуваш шоферот на цигано-скопски камион кој има знак на непријателската пропаганда.” при тоа прашувајќи го што би требало да направат властите
На што Панајотарос одоговара:
„Треба да ги отстрануваат и да ги враќаат назад камионите што ја имаат оваа срамна ознака и ознака на пораз на грчката надворешна политика. Македонија е една и е грчка и за ова име, за нејзините деривати, како и за сите локални или други определувања кои го вклучуваат името Македонија не се преговара! Но, кој ќе даде наредби за ова? Досегашниот министер Аврамопулос? Или можеби Венизелос? Само националистичка, еднопартиска влада може да ја направи нашата држава силна”.
извор:kurir.mkАктуелната грчка влада нема да се осмели да го реши прашањето за името- ова е изјавата на пратеникот на неонацистичкат

Пронајдете не на следниве мрежи: