Груевски ја остварува зацртаната мисија, со реформи за подобро – утро!

Сите сме сведоци на промени во нашето општество. Во здравството, образованието, администрацијата, економијата, земјоделството… каде секојденво се донесуваат закони, одлуки, мерки, реформи се со цел граѓаните на Република Македонија да почувствуваат подобрување во начинот на живеење и иднина. Ова е мисијата на владеачката партија Вмро Дпмне, на чело со премиерот Никола Груевски.
Пред извесно време беше воведено екстерното тестирање во основните и средните училишта тоа  е почеток на крајот на ерата во која царуваше неправично оценување кое започна како тренд во деведесетите заедно со транзицијата и новопечените богаташи, кои непосветеноста на развојот на децата сакаа да го компензираат и купуваат со поправање на нивните оценки преку притисоци врз наставниците и професорите, кои пак притиснати од дел од ваквите родители, на крај решија за да им биде чиста совеста кон оние кои немаа таква моќ, на сите да им пишуваат високи оценки. Ваквиот начин на тестирање покажа доста позитивни резултати, каде и двете страни без задоволени и учениците и професорите, со ова се стави крај на давањето оценки од ракав, а учениците покажаа колку квалитетно го совладале матерјалот.
Во секоја професија, постепено има напредување, да го земеме впредвид и здравството каде годишно по 500 медицински лица ќе одат во странство, надоградувајќи се со нови методи за работа, тоа носи унапредување како во здравството, така и за самата држава која полека оди степен нагоре, а лекарите со ваквата обука, ке прима поголема плата, додека секој пациент ќе добива соодветна нега и решавање на неговиот проблем, така што ќе се намали бројот на лица кои параат лечење во странство. Овде ќе го споменеме исто така и законот за абортус кој беше донесен на 10 јуни оваа година, кој истиот веќе се применува во повеќе земји како Ѓерманија, Холандија, Франција, Белгија. Закон кој ќе и помогне на секоја жена која се двоуми да и бидат дадени информации, доколку таа веќе се одлучила на чекор – абортус да и се помогне да го надмине тој постабортивен период.
Реформите навлегуваат и во правосудството. Закон кој во парламентот стои подолг период. Целта на овој закон е зголемување на стандардите и ставање ред и поредок во таа сфера. Меѓу другото законот упатува и на тоа 40 отсто од прашањата на испитот, одговорите да се бараат во учебници од кои се учи на највисоко рангираните универзитети во светот. Доколку се усвои и овој закон,   Македонија ќе биде за пример на многу земји, кои ќе го превземат овој начин од нас.
Мисијата, овде не завршува таа продолжува, да обезбеди ред и поредок, правда и еднакви можности за сите граѓани на граѓаните на Република Македонија.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Сите сме сведоци на промени во нашето општество. Во здравството, образованието, администрацијата, економијата, земјоде

Пронајдете не на следниве мрежи: