Најмногу ја сакаме Србија

Според Македонците Србија е најпријателска замја, а додека пак македонските Албанци за најпријателска ја сметаат Албанија.
Но, и на едните и на другите им се совпаѓаат мислењата дека Грција е најмалку пријателска земја кон Македонија. Тоа ни го покажа и анкетата на Институтот „Димитрие Чуповски“.
Испитаниците ја сметаат Србија за пријателски настроена земја кон Македонија и тоа со 56,6%, секако со значителна разлика во однос на етничката припадност. Така што 66,6% од Македонците и 79,5% од другите националности ја сметаат Србија за пријателска земја, додека само 21,8% од Албанците го делат истото мислење.
Според испитаниците друга земја која е пријателски настроена кон Македонија е Бугарија, сметаат 27,2% од испитаниците и тоа 23,5 Македонци и 36,1% Албанци.
Анкетата е спроведена од страна на Институтот „Димитрија Чуповски“ во вториот дел од телефонското истражување, спроведено помеѓу 17 и 21 мај 2013 година, во која учествувале 1.050 испитаници.Според Македонците Србија е најпријателска замја, а додека пак македонските Албанци за најпријателска ја сметаат Албанија.

Пронајдете не на следниве мрежи: