Фазлиу: Или Македонците ќе не избркат нас или ние нив

Пред да започнат локалните избори во Македонија, бугарската телевизија БТВ, направи репортажа за Македонија, каде што главен акцент стави на меѓуетничноста во земјата, помеѓу албанското и македонското население, а еден од соговорниците беше и пратеникот од ДПА Беким Фазлиу.
Како што посочува репортерот на бугарската телевизија,  албанското население е веке една третина од вкупното население во земјата, каде што најнаселено е во западна Македонија.
„Најпрво младите Македонци почнале да ги тепаат младите Албанци по училиштата, по улиците, значи самите тие започнаа се, а потоа велат ние не ги сакаме Македонците“, изјави еден граѓанин на земјата со албанско потекло.
Дали е ова навистина така, или одредени политички гарнитури се трудат во главата на народот да вметнат слика која всушност не е иста со онаа во реалноста. Дали меѓуетничките тензии кои се присутни во Македонија, според пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу, се резултат на одлуките на СДСМ во 2004-тата година, кои придонесоа албанското население да стане мнозинство во неколку општини во западна Македонија?
Фазлиу, во изјава за бугарската телевизија, го прикажа протестот на албанците и македонците по скопските улици, на начин на кој него и неговата партија им одговара. Тој ја претстави  само едната страна од целиот проблем, посочувајќи дека македонската полиција била таа која превземала акција, ги тепала и фрлала солзавец кон албанското население.
На прашањето  како се чуствува Фазлиу вели дека се чуствува како Албанец и дека албанскиот јазик мора да има ист статус како и македонскиот .
„Сакаме како што е македонскиот јазик официјален така да биде и албанскиот. На пример како може во Косово каде живеаат само 5 проценти Срби, Хашим Тачи да пишува и на албански и на српски“, изјавува за телевизијата Фазлиу.
„Владата со својата политика ги дискриминира Албанците“, изјави Фазлиу.
Тој посочи дека кога се донесувало знамето на Македонија, албанското население не било прашано, па затоа треба да се одбере ново знаеме прифатливо за сите.
„Ќе одбереме државно знаме кое ќе ги претставува сите граѓани. Македонското знаме кога е донесено е донесено без да се прашаат Албанците, и не нè претставува нас“, посочи пратеникот од ДПА.
Тој додаде дека или Македонците ке ги избркаат Албанците од тука или ние нив.  
Фазлиу дури иронично низ смеа го праша бугарскиот новинар, дали во Бугарија има место за Македонците, на кој новинарот воопшто не одговори на тоа прашање.
Со неговата изјава, само уште повеќе се вжештуваат меѓуетничките односи. Одредени политичари, поради своите лични цели и убедувања, ја создадоа оваа напната атмосфера на територијата на Македонија.
Фазлиу во својата изјава го посочи и проектот на Владата „Скопје 2014“ како антиалбански проект на кој се потрошиле многу пари.
Главното прашање на целата оваа репортажа на бугарската телевизија е до кога ќе постои оваа напнатост и меѓуетничка тензичност помеѓу два различни народи со различни сфаќања, убедувања, традиција, религија и култура,  кои живеат на иста териотрија??
 Пред да започнат локалните избори во Македонија, бугарската телевизија БТВ, направи репортажа за Македонија, каде што

Пронајдете не на следниве мрежи: