Додека растевме слушавме многубројни приказни од семејството и пријателите за тоа што треба да правиме, бидејќи тоа е „правилно”. Поголемиот дел бабини деветини не се вистинити, но постојат и такви кои всушност се вистина. Верувале или не, вашата мајка или баба не ве лажеле кога ви велеле да јадете моркови и јаболка.1. Морковите го подобруваат видот
Се сеќавате ли кога ви велеле дека мора да јадете морков за подобро да гледате? Иако морковот директно не го поправа видот, точно е дека помага при проблемите со вид кои настанале поради недостаток на витамин А. Постојат и други извори на каротен како зелениот зеленчук, но морковите се апсолутен фаворит, особено откако Британската војска објаснила дека нивните пилоти се успешни поради тоа што јадат многу моркови и затоа одлично гледаат.
2. Едно јаболко дневно
„Едно јаболко дневно и лекар не ви е потребен ” – изрека која сигурно сте ја слушнале милион пати додека растевте. Се оспоставува дека ова е точно. Јаболките се одличен извор на пектин, кој го намалува крвниот притисок, нивото на глукоза и холестеролот. Тие исто така ги зајакнуваат коските и полни се со состојки кои смалуваат ризик од рак. Моќната јаболка ги чисти забите и ги убива бактериите во устата. Јадење јаболка дневно помага да бидете здрави и дефинитивно да ја намалите посетата на лекар.
3. Носете шапка
Кога бевме мали, сите сакавме да си играме во снегот. Кога се подготвувавме да излеземе надвор, бабите и мајките секогаш ни велеа да ставиме капа, бидејќи поголемиот дел од топлината на телото се губи преку главата. Иако сите покорно слушавме, не сфаќавме колку е точно тоа што го зборуваат. Во 1950 година Американската војска го тестирала ова тврдење и заклучила дека дури 80% од топлината на телото излегува од главата, особено за време на вежбање или некој поголем напор.
4. Витамин Ц за настинка
Сите добро знаеме дека витаминот Ц помага да се излечи настинка, но никогаш не сме знаеле точно зошто. Меѓутоа, истражувањето од 2007 година покажа дека земањето 200 милиграми витамин Ц секојдневно го намалува траењето на настинката и го намалува бројот на настинки. Важно е да напоменеме, дека витаминот Ц не е лек, но навистина помага.
5. Пилешка супа
Бабите и мајки научија: штом кажеме дека не боли грло или ни тече носот, тие веднаш спремаат пилешка супа. Вистина е дека пилешката супа може да помогне да се намалат симптомите на настинка, бидејќи зеленчукот и пилешкото месо помагаат во прочистување на дишните патишта. Ова важи само за домашна пилешка супа!
6. Сок од брусница за здравје на уринарниот тракт
Дали некогаш ви кажале да пиете сок од брусница кога сте имале инфекција на мочните канали? Иако делува малку веројатно, точно е дека овој сок ефикасно лечи воспаленија. Ешерихија коли е бактеријата која ги предизвикува овие инфекции, а сокот од брусница ја спречува оваа бактерија да се залепи на ѕидовите на бешиката. Ова буквално значи дека инфекцијата може да се исфрли од телото.
7. Цицање на прстите ги уништува забите
Цицањето на прстите кај бебињата и малите деца може да предизвика бројни проблеми кога почнуваат да излегуваат забите. Децата кои ги цицаат прстите и кога им излегуваат трајните запчиња, ризикуваат забни оболувања како што се неправилен облик и неправилен развој на устата. Многу родители бараат креативни начини за да ги натераат децата да престанат со оваа навика, а некои им ги премачкуваат прстите на децата со лут сос додека не им се згади цицањето на прстите.1. Морковите го подобруваат видот
Се сеќавате ли кога ви велеле дека мора да јадете морков за подобро да гледате? Иа