Диетата 5:2 или “Брза диета” како што често се нарекува, наишла на бројни негодувања од страна на експертите.Имено, оваа диета функционира на тој начин што два дена во неделата, значајно се ограничува внесот на храна. На жените им е допуштен внес од 500 калории, додека на мажите внес од 600 калории дневно.
Авторите на диетата Мајкл Мосли и Мими Спенсер тврдат дека таквиот начин на исхрана го тера организмот да ги троши масните наслаги како извор на енергија. Едноставниот принцип на диетата подразбира нормална исхрана 5 дена во неделата, додека во останатите 2 дена, калорискиот внес се сведува на четвртина од стандардниот внес.
Кои се позитивните и негативните страни на диетата?
Сепак, нутриционистката Рут Танг тврди дека ова звучи предобро за да е вистинито: “Оваа диета навистина го намалува ризикот од рак и дијабетес, го намалува нивото на глукоза и холестерол во крвта, исчезнува хормонот IGF-1 кој влијае на болестите поврзани со стареењето, а и килограмите се намалуваат”. Но, не е сè така позитивно.
“Поголемиот дел од истражувањата се спроведени врз мажи, а жените и мажите различно реагираат на овој тип на исхрана. Кај жените, оваа диета негативно влијае врз нивото на шеќер и контролата на инсулин. Многу жени кои ја држеле оваа диета се пожалиле на крварење помеѓу циклусите, доцнење на менструацијата и болки за време на овулација. Со тоа, оваа диета би можела да влијае врз плодноста кај жените”, тврди докторката.
Промени во менструалниот циклус по промена на исхраната
Истражувањата кои биле спроведени врз животните се пострашни, тврдат биотехничарите во Индија. Тие откриле дека овој начин на исхрана влијае и врз намалување на големината на јајниците, а промените во менструалниот циклус биле воочливи по само десет дена.
Понатамошните истражувања кои биле објавени во списанието “American Journal of Psychology” откриле дека овулацијата е прекината кај 80 отсто од испитаните единки. Ако тие резултати се слични со она што им се случува на луѓето, јасно е дека не вреди да го ризикувате вашето здравје за диета која на крајот сепак со себе носи и негативни последици.Имено, оваа диета функционира на тој начин што два дена во неделата, значајно се ограничува внесот на храна. На жените им е допуштен внес од 500 ка