Бидете подготвени за оваа зима бидејќи ладните денови полека пристигнуваат. Направете сами едноставни и ефективни препарати за нега на косата и кожата. Тоа можете да го постигнете со вашиот омилен утрински пијалок – кафето.За време на ладните денови на вашата кожа и коса му е потребна посебна нега. Ладното време може да ви ја исуши кожата и да ви ја уништи косата. Доколку сакате да се заштитите од ниските температури, направете го тоа со кафе. Од омилениот утрински пијалок можете да направите потполно природни и корисни производи за нега на кожа и коса.
Нега на коса
Сварете благо кафе, оставете го да олади и нанесете долж цела коса. После 20 минути исплакнете ја косата со млака вода и веднаш ќе забележете дека вашата коса изгледа посјајно и поздраво. На овој начин ќе се ослободите и од мрсната коса.
Маска за лице
За да ја подготвите оваа маска ќе мора повеќе да се потрудите, а за тоа потребни ви се следните состојки:
– две лажички мелено кафе
– две лажички какао во прав
– три лажички млеко со поголема масност или јогурт
– една лажичка мед
Сите состојки измешајте ги во ист сад и мешајте додека не добиете густа смеса. Маската нанесете ја на лицето и нежно масирајте. Оставете да делува 15 минути, а маската исплакнете ја со млака вода и потоа ставете го вашиот омилен хидратантен крем за лице.
За време на ладните денови на вашата кожа и коса му е потребна посебна нега. Ладното време може да ви ја исуши кожата и да ви ја уништи косат