Секоја бранша има свои тајни и трикови, а авиоиндустријата не е исклучок. Вработените во авиокомпаниите не би откриле деловни тајни, но ова се осум тајни што стјуардесите ги имаат кажано „во доверба“.Сите дефекти не се поправаат веднаш
Секако, немојте да мислите дека се доведува во опасност безбедноста на патниците. Пред секој лет се прави детална проверка на многу работи, а ако има помали проблеми и дефекти што не влијаат на безбедноста на летот, се поправаат по слетување, за да не се губи време со одложување на летот.
Пилотот и копилoтот јадат различна храна
Пред летот, пилотот и копилотот никогаш не јадат иста храна, а причината за тоа е многу едноставна. Ако случајно дојде до труење со храна, барем еден од нив ќе биде во состојба да управува со авионот. Ова не е правило што го практикуваат сите авиокомпании.
Вистинската причина зошто е забрането пушењето
Врежано ни е мислењето дека забраната за пушење во авион е поврзана со безбедноста на летот, но тоа не е точно. Порано се пушело во авионите и тоа не претставувало никаков безбедносен проблем. Вистинската причина е економичноста: воздухот во авионот постојано се филтрира, а чадот од цигарите побрзо ги троши филтрите и другата опрема.
Бидете љубезни со екипажот на лет
Стјуардесите признаваат дека повеќе ќе се потрудат да ве услужат ако сте љубезни со нив. Ако убаво им објасните зошто не можете да седите до сопатникот или што не е во ред со храната, поголеми се шансите да бидете брзо услужени по ваша желба, отколку да бидете надмени, хистерични и безобразни.
Исклучете ги мобилните телефони
Не, ако ви биде вклучен мобилниот при полетување или слетување нема да се случи некаква страшна несреќа и нема да бидете виновни бидејќи се срушил авионот. Сепак, може да дојде до пречки во приемот на сигналот, па ќе доцни информацијата од контролата на летање до пилотот. Стјуардесите велат дека дури и пилотите често го заобиколуваат ова правило.
Вработените и нивните семејства имаат попусти на авионски карти
Да, авиокомпаниите на своите вработени и на членовите на нивното потесно семејство им даваат значително пониски цени на авионски билети, а понекогаш им ги даваат бесплатно.
Кога е најдобро да се купуваат карти?
Иако се смета дека најдобро е да купите карти што е можно порано, авионските билети се најевтини во вторник, среда и сабота, кога се нудат по значително пониски цени.
Катанецот нема да ви го заштити куферот
Ако сте го заклучиле куферот со катанец, тоа нема да биде пречка да биде отворен. Катанците се отклучуваат со специјални направи, а некој повешт може тоа да го направи и со пенкало, така што може само да доживеете оштетување на куферот.Сите дефекти не се поправаат веднаш
Секако, немојте да мислите дека се доведува во опасност безбедноста на патниците. Пред секој лет се пра