Доколку ја грицкате кожата околу ноктите, веднаш престанете! Еве зошто
Сите ние имаме некакви навики кои повеќе или помалку се штетни за нашето здравје. Една од најчестите лоши навики е грицкањето на ноктите, како последица на стрес и нервоза.Слично на гризењето нокти, луѓето честопати ја грицкаат кожата околу своите нокти – можеби се познати, оние досадни ситни парченца кои се лупат околу ноктот, а кои многу болат.
Оваа навика најчесто е несвесна, се кинат делчиња од кожата, се грицкаат и се гребаат со ноктот од соседниот прст поради внатрешен немир, вознемиреност и стрес. Меѓутоа, оваа лоша навика може да биде опасна и мора да научите како да ја совладате.
Околу ноктите има легло на бактерии кои преку устата се внесуваат во организмот.
Но тоа не е се’: со лупење на горниот слој од кожата, се отвораат премини за бактериите кои лесно можат да навлезат во ткивото и да прдизвикаат инфекции во таа област.
Прочитајте уште и:
Пронајдете не на следниве мрежи: