Потресна исповед на жртва на трговија со луѓе: „Силувана сум 43.200 пати“

Четири години од 10 часот наутро до полноќ Карла била силувана, секој ден во просек од 30 мажи.Карла Јакинто имала само 12 години кога 22- годишен трговец на луѓе ја намамил со подароци , пари и брзи автомобили да го напушти своето дисфункционално семејство.
Избегала со него во Тенансинго, мексикански град познат како едено од средиштата на трговија со луѓе каде жртвите најчесто се носат пред да бидат испратени на друга дестинација да се занимаваат со проституција. Така и Јакинто три месеци подоцна завршила во Гвадалахара, еден од најголемите градови во Мексико, каде што била прсилена да работи како проститутка.
„Почнував во 10 часот наутро и завршував на полноќ. Некои мажи ми се смееа затоа што плачев. Морав да мижам за да не видам што ми прават, за да не чувствувам ништо“, се присетува Јакинто.
Во една прилика макрото забележал отпечатоци од бакнежи на нејзиниот врат и полудел.

 
„Почна да ме тепа со ланец по целтото тело. Ме тепаше со раце, нозе, ме влечеше за коса, ме плукаше во лице, ме уништи“, се сеќава на хоророт кој го преживеала младата девојка.
Еднаш, кога се понадевала дека полицијата ќе ја спаси кога направила рација, сфатила дека е немоќна бидејќи полицајците почнале да ги сликаат девојчињата во компромитирачки пози.

Се проценува дека во Мексико секоја година престојуваат 20.000 жртви на трговија со луѓе, тврдат од Меѓународната организација за миграција. Во САД пак, меѓу 10 најбарани трговци со луѓе дури пет од нив се од Тенансинго, градче со 11.000 жители.
Јакинто била ослободена во 2006 година, во текот на голема акција за ослободување на жртви во Мексико, и денес се бори против трговијата со луѓе.
Нејзините сведоштва се користени и кога се одлучувало за  Мегановиот закон во САД, според кој американските власти мораат да ја известат власта за регистрирани сексуални престапници.Карла Јакинто имала само 12 години кога 22- годишен трговец на луѓе ја намамил со подароци , пари и брзи автомобили да го напушти своето дисфункцио

Пронајдете не на следниве мрежи: