Не постои совршен лек против губење на косата, но одредени сокови, производи и зачини можат да го поттикнат растот на фоликулите, па токму затоа се препорачува нивна редовна консумација. Што е најдоброто од сè ова? Сигурно сите состојки за подготовка веќе ги имате во својата кујна. Подготвени сте за експериментирање?1. Сок од кромид
Една мала студија која била објавена во „Journal Of Dermatology“ покажала дека флавоноидите во црвениот кромид го поттикнуваат растот на влакната. Но, она што е најинтересно е дека кај 20 од 23 испитаника кои ставале сок од кромид на своето теме било забележано зголемување на растот на косата за само 6 недели.
2. Феферони
Капсаицинот што се наоѓа во лутите пиперчиња и фефероните е оној кој им ја овозможува лутината, но кој истовремено би можел да ѝ помогне на вашата коса. Истражувањето кое било објавено во магазинот „Growth Hormone & IGF Research“ забележало зголемување на растот на влакното по само 5 месеци консумирање по околу 6 милиграми од овие нешта во облик на прашок.
3. Билки
Жалфијата ја зголемува густината на косата, рузмаринот го поттикнува нејзиниот раст, а сличен ефект има и алое верата. Побарајте шампон за коса кој се состои од овие 3 состојки или направете го сами, па нанесувајте го неколку дена по ред на вашето теме.1. Сок од кромид
Една мала студија која била објавена во „Journal Of Dermatology“ покажала дека флавоноидите во црвениот кромид