Телефоните се даваат на бебињата,жените некогаш ги носат закачени за градникот,а мажите во задниот џеб на панталоните.Доколку сеуште сте во двоумица дали мобилните телефони можат да бидат опасни по здравјето, би требало да ја слушнете докторката Девера Дејвис која предупредува на ризикот на носење мобилен телефон со кожата и изложени делови на телото.
Дејвис покажа снимки од мамограф на 39-годишата кинескиња која живее во Америка, вегетаријанка од Калифорнија која имала неколку формирани тумори токму на местото каде што го носела мобилниот телефон – на десната дојка (бидејќи го носела телефонот закачен за градникот). Го носела на истото место по четири часа дневно,седум години.
Истражувачите од Универзитетот во Ексетер откриле мал но константен пад на квалитетот на спермата на мажите чии гениталии биле изложени на зрачење од мобилниот телефон. Иако истражувачите не пронашле поврзаност помеѓу зрачењето на телефонот и слабата плодност, откритијата би можеле да објаснат за досега нејасната појава во падот на бројот на сперматозоидите во примери од целиот свет.
Последиците се најлоши за они мажи кои веќе се изложени и на други фактори на ризик кои влијаат на бројноста на сперматозоидиите
„Доколку ја земеме во предвид зголемената употреба на бежичните уреди и општиот пад на квалитетот на спремата кој е забележан во преходните 10-20 години во развиените земји, оваа тема би требало подобро да се испита„ рекла Фиона Метјуз.
Доволно е мобилниот телефон да го носите во торба или јакна за секој случај.Доколку сеуште сте во двоумица дали мобилните телефони можат да бидат опасни по здравјето, би требало да ја слушнете докторката Девера Дејвис која