Кој е вистинскиот подарок за Денот на вљубените е прашањето кое секогаш си го поставуваат многу луѓе.А што никогаш не смеете да подарувате?
Подароците треба да бидат романтични. Тоа значи заборавете на ултра практични дарови како четки, прибор за миење на чинии, моторни пили и слично.
Шеговитите подароци секако треба да ги „исклучите“. Тоа вклучува и иронични лоши подароци како што се чорапи, марамчиња или фломастери.
Со цвеќе, иако знае да биде предвидливо, тешко може да погрешите. Ако веќе седум години купувате рози на сопругата, можеби е време оваа година да измислите нешто пооригинално.
Никогаш не купувајте работи кои на кој било начин можат да ја навредат вашата партнерка или партнер. Во таа категорија спаѓаат, на пример, членарини за фитнес центар, тоа не е баш суптилен начин на својата најмила да и кажете дека се здебелила, освежувач за здив, порнографски филмови и слично.
Дарувањето на пари исто така е лоша идеја. – Еве ти 1000 денари па купи си што ти се допаѓа, е реченица која никого нема да го воодушеви. Намерите можеби ви се добри, но ќе оставите впечаток дека не сте сакале да купите подарок.
Домашни миленичиња? Кутрињата и мачињата можат да бидат слатки, но се работи и за голема одговорност. Прашајте се дали вашата врска дошла до таа точка на некого да можете да му подарите животно?
Доколку сакате вашата најмила или најмил да го почестите со вечера, тоа нека биде некој добар ресторан.
И за крај, никако не смее да ви се случи да не купите баш ништо. Дури и ако саканото лице вели дека оваа година не сака никаков подарок, поради штедење или некоја друга причина, купите и барем некаква дребулија. Пријатното изненадување е секогаш добредојдено.А што никогаш не смеете да подарувате?
Подароците треба да бидат романтични. Тоа значи заборавете на ултра практични дарови како четки, при