За превентива користите посебен пешкир за тело и лице,користете ги најмногу три пати а помеѓу користењето исушете ги добро. Пешкирите поради својата влажност и начинот на перење можат да бидат вистинско легло на бактерии.
По само едно бришење пешкирот постанува идеално место за бактерии и габи на кои што влагата им одговара најмногу за размножување.
Бактеријата Ешерихија Коли е 25% присутна во пешкирите, тврдат научниците,а уште полоша вест е дека бактериите и вирусите лесно се пренесуваат помеѓу членовите на семејството ако користат ист пешкир за бришење.По само едно користење започнува размножувањето бидејќи на предизвикувачите на инфекции им одговара влагата,топлината и органските материјали како памук.Затоа ист пешкир не смееме да користиме повеќе од 3 пати,предупредуваат дерматолозите.
-По секое користење оставете го влажниот пешкир добро да се исуши и редовно проветрувајте ја бањата – советува др. Сузан Левард и додава дека треба да се користи посебен пешкир за лице и тело.
– Пешкирот треба да го користи исклучиво една личност како би се спречил преносот на бактерии од еден дел на телото на друг како и пренесувањето на инфекции од човек на човек.
Ако го делите пешкирот,пример со партенерката, и не го менувате по три туширања, постои опасност од пренос на бактерии кои се наоѓаат на слузницата на носот,устата и очите.
-Чести се инфекциите предизвикани од бактериите стафилокока и стрептокока кои предизвикуваат воспаление на коренот на влакното, но и воспаление на аглите на усните. Низа различни бактерии на пешкирот се главни виновници за воспаление на очите,вирусот Херпес симплекс.
Повеќете од овие бактерии не се патогени бидејќи доаѓаат од нашето тело,но можат да предизвикаат здравствени проблеми.
-Затоа пешкирите треба да се перат на 90 степени или минимално на 60 – советува Левард, но не препорачува перење на пешкирите со друга облека како и со кујнски крпи.
По само едно бришење пешкирот постанува идеално место за бактерии и габи на кои што влагата им одговара најмногу за размножување.