Веќе имавте можност да прочитате три совети за тоа како да ги избегнувате негативните луѓе во вашиот живот, денес прочитајте ги останатите.4. Изберете ги вашите битки
Не влегувајте во конфликт секој пат кога некој ќе ве иритира. Не само што ќе гледаат на вас како на аргументативна личност, туку и ќе внесете токсичност во вашиот живот. Наместо да се расправате, обидете се да ги игнорирате негативните коментари. Контролирајте ги своите емоции и спречете ситуацијата да ескалира. Тргнете се настрана од непотребните конфликти.
5. Немојте премногу да се анализирате ситуацијата
Негативните луѓе понекогаш може да се однесуваат нерационално. Ќе изгубите драгоцено време и енергија ако се обидете да направите смисла на нивните акции. Сторете се што можете за да не станете емотивно инволвирани во нивните прашања.
6. Развијте систем на поддршка
Изградете мрежа од позитивни пријатели, познаници и професионални контакти. Ако некој знае точно како да ви се пикне под кожа, може да не бидете во можност да се справите со ситуацијата. Имајте емоционална интелигенција да признаете кога ви треба помош. Кога се почувствувате премногу емотивни, јавете се на пријател и мирно објаснете му ја ситуацијата. Честопати објективен човек може да ви обезбеди поинаква перспектива или нов пристап.
7.Отелотворете позитивност
Вашата среќа и благосостојба се премногу важни за да ги споделите со негативно мислење или груби коментари. Останете позитивни и почнете да го ограничувате вашето време со негативни поединци во вашиот живот. Со малку среќа, вашата позитивност ќе ги одврати токсичните луѓе и тие постепено ќе отпаднат природно. 4. Изберете ги вашите битки
Не влегувајте во конфликт секој пат кога некој ќе ве иритира. Не само што ќе гледа