Во март 2016 година, бездомник залутал во ресторан во Минеаполис. Таму налетал на сопственичката Цесија Абигејл и ѝ побарал пари.„Зошто немаш работа“ – го прашала Цесија. „Знаеш дека на мене ништо не ми е дадено бесплатно?“
Бездомниот маж Маркус, ѝ објаснил дека колку и да сакал да се вработи, работодавачите не му давале шанса поради полициското досие. Често крадел за да може да се прехрани.
Но, наместо да го одбие, таа му понудила работа.
„Ми требаше персонал тој ден и решив на Маркус да му понудам работа“ – изјавила таа за новинарите.
Маркус возвратил дека е во состојба да направи сѐ за храна.
По две недели тој редовно доаѓал на работа во неговата двочасовна смена, помагајќи да се исфрли ѓубрето, да се измијат садовите итн.
Откако му платила за трудот, тој купил храна од нејзиниот ресторан затоа што „така се чувствувал убаво“.
Со ново чувство на самопочит и достинство, Маркус редовно давал половина од купените сендвичи на една бездомна жена.
„Господ ми го даде овој благослов, па зошто и јас да не го споделам со други“ – рекла Цесија.„Зошто немаш работа“ – го прашала Цесија. „Знаеш дека на мене ништо не ми е дадено бесплатно?“
Бездомниот маж