Клучната разлика е меѓу мислите „Направив нешто лошо“ и „Лош/а сум“…Веројатно многумина пораснале со родители кои им велеле: „Срам да ти е!“, и тоа најчесто за ситници.
Дали се срамите од срамот?
Родителите не се виновни. Едноставно, оваа реченица се наследува од предците и се повторувам а чувството на срам е последица на нашето незадоволство и чувство дека сме беспомошни.
Чувството на вина доаѓа по мислата „Направив нешто лошо“, а чувството на срам доаѓа по мислата „Лош/а сум“. Што значи ова?
Ако чувствуваме дека сме лоши, тогаш длабоко во себе не веруваме дека можеме нешто да промениме. Тука доаѓа чувството на беспомошност. Ако чувствуваме дека сме згрешиле, можеме нешто да смениме и да одиме понатаму. Ова често се прави врз децата или партнерот заради тоа што имаме чувство на лажна моќ и контрола над другата личност кога го кажуваме. Никој не е виновен, но мора да бидеме свесни.
Не е срамота да се праша: Ако нешто не знаеме, како ќе дознаеме ако не прашаме?
Не е срамота да се побара: Ако не побараме, одговорот секогаш ќе биде-НЕ!
Не е срамота да се работи: Некои луѓе се срамат од работните места, но треба да ни биде јасно дека секоја чесна работа е причина за гордост.
Не е срамота да се плаче: Нашите емоции се само енергија во движење, а ако ги држиме во себе, тие се заглавуваат некаде во нас и владејат со нас.
Не е срамота да се биде дебел: Медиумите и општеството го наметнуваат чувството на срам ако сте дебели. Не сте лоши заради тоа, тоа е само една ваша состојба. Можете да ја смените ако сакате, а ако ви одговара можете и да бидете такви. Но, само ако успееме да се сакаме такви какви што сме, ќе имаме енергија да промениме нешто. Ако чувствувате срам, тука заглавуваме и нема понатаму.
Ваша задача е да обратите внимание колку често ги користите овие реченици. Имате моќ да ги освестите другите и да им помогнете да согледаат што прават несвесно. Нашата единствена поента во животот е да бидеме она што сме, и не треба да се срамиме. Затоа, прифатете се такви какви што се и ќе имате моќ да појдете кон она што го сакате.Веројатно многумина пораснале со родители кои им велеле: „Срам да ти е!“, и тоа најчесто за ситници.
Дали се срамите од