Постојат луѓе кои се родени „под среќна ѕвезда“, и оние кои биле „последни во редот“ кога се делела среќата. Сепак, немојте да го обвинувате недостатокот на среќа за своите порази.Експертите тврдат дека еден од чекорите кои водат до среќа е да ги исфрлиме следните зборови од употреба!
-Би требал/а: Колку пати го повторувате ова, па се чувствувате виновни ако не го остварите? Наместо тоа речете си: „Планирам да одам на трчање“. Ако тоа не го направите, не грижете се, само пропаднал планот, а не нешто што сте требале да направите.
-Никогаш: „Никогаш не вели никогаш“ е стара изрека што многу пати ја чувствуваме. Овој збор е една од главните кочници во нашиот личен напредок. „Никогаш нема да успеам да ослабнам толку многу“…Со ваков став, веројатно и нема, бидејќи самите сте се осудиле на пораз.
-Пропаднат случај: Ако понекогаш се нарекувате вака, ќе видите дека негативните работи се редат едни по други. Моќта на позитивното размислување е голема и затоа би требале наместо „Јас не го можам тоа“, да си кажете „Можам и сакам“. Имајте на ум да не целите кон совршенство бидејќи тогаш сигурно и би се разочарале. Поставете си мали цели, а кога ќе ги достигнете, ќе се наполните со самодоверба доволно да можете да направите и многу повеќе.
-Имам среќа: Постојат луѓе кои се родени „под среќна ѕвезда“, и оние кои биле „последни во редот“ кога се делела среќата. Сепак, немојте да го обвинувате недостатокот на среќа за своите порази. За да бидете среќни и задоволни во животот потребно е да вложите труд. Нема се да ви падне од небо. Не се ослонувајт на среќата или несреќата и сами станете кројачи на својата судбина. Кога ќе станете свесни дека самите влијаете на својот живот, а не чекате среќата да ви дојде, ќе бидете помалку разочарани и ќе знаете дека ги имате конците во свои раце.Експертите тврдат дека еден од чекорите кои водат до среќа е да ги исфрлиме следните зборови од употреба!
-Би требал/а: Колку пати го повто