Двете најпознати користи од лимонот се јакото антибактериско и антивирусно делување. Кога ќе се здружат магдоносот и лимонот, па на тоа ќе се додаде уште мед и маслиново масло добиваме фантастичен лек против сите бактерии…Магдоносот има низа здрави состојки, кои се кријат во неговиот корен и листови. Помага во лечење на многу болести: од воспаление на простата, до отоци на нозете, реума, болки во коските, дебелина, ангина… Во стар Египет со магдонос ги лечеле бубрезите и патиштата за мокрење.
Лимонот е уште една од билките кои Египќаните ги користеле во медицината.
Двете најпознати користи од лимонот се јакото антибактериско и антивирусно делување. Кога ќе се здружат магдоносот и лимонот, па на тоа ќе се додаде уште мед и маслиново масло добиваме фантастичен лек против сите бактерии особено против Ешерихија коли. Искуствата со користење на овој природен лек се многу позитивни.
Пациенти кои со години се бореле со досадната Ешерихија коли, дури после употребата на овој природен лек, успеале да се „оттарасат“ од досадната бактерија. Понекогаш големите тајни се скриени во наједноставните состојки. Ова е една од таквите.
Потребни состојки:
250 гр корен од магдонос
250 гр лимон со кора
250 гр мед
200 мл маслиново масло
Подготовка и начин на употреба:
Медот набавете го од проверен пчелар. Лимонот треба добро да се измие. Најдобро е да користите домашен лимон, кој не е хемиски третиран. Доколку лимонот го купите од продавница, поради пестицидите добро би било пред употреба неколку часа да го чувате во ладна вода во која сте додале малку сода бикарбона. Извадете го лимонот од водата и исушете го, а потоа пресечете на половина. Отстранете ги семките.
Коренот од магдонос потребно е добро да се измие. Се мисли на обичен, свеж магдонос кој се одгледува во градина. Во блендер заедно ставете лимон, магдонос, мед, маслиново масло и добро измиксајте. Ако немате блендер, лимонот можете да го иситните и во машина за мелење месо.
Ќе добиете кашеста маса која може да ја ставите во стаклена тегла. Чувајте во ладилник. Земајте по една лажица пред појадок и вечера. Со оглед на тоа дека во овој лек се наоѓаат сите сами природни состојки, може да го земаат и трудници и мали деца, со тоа што на децата треба да им се дава мала, а не голема лажица од лекот.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Магдоносот има низа здрави состојки, кои се кријат во неговиот корен и листови. Помага во лечење на многу болести: од воспаление на простата, до от