Еден 47-годишен Американец изел една од најлутите пиперки на светот во натпревар за јадење на лути пиперки. Пиперката имала лутина милион според Сковиловата скала и е 400 пати полута од тобаско сосот.Мажот изел бургер со пире од пиперката Бхут јолокиа, но набрзо после конзумацијата почнал многу да повраќа и да се грчи при што осетил остра болка во делот на стомакот и градите.
Веднаш е префрлен во болница и докторите брзо откриле дека боледува од руптура на желудник.
-Пациенотот е интубиран и веднаш префрлен на операција, при што е утврдено дека има дупка од 2,5 сантиметри на желудникот, како и пенумоторакс на левата страна на градите – пишува во извештајот.
Во болница минал 23 дена, но пуштен е со добри прогнози.Мажот изел бургер со пире од пиперката Бхут јолокиа, но набрзо после конзумацијата почнал многу да повраќа и да се грчи при што осетил остра болка