Потресна исповед на 16-годишната Катерина: Ми понудија да бидам бебиситерка во Виена, а потоа ме продаваа и силуваа!

16-годишната Катерина ја прифати поканата на непозната жена и отиде да работи два месеци во Виена како бебиситерка, за плата од 1000 евра. Но, наместо таму, завршила како жртва на трговија на луѓето во една кафана покрај автопат, каде ја силувале и прсилувале да се занимава со проституција.Се започна така што еден ден дома ни се појави жена која тврдеше дека и треба бебиситерка за своите деца во Виена. Татко ми не сакаше да ме пушти да одам, му беше сомнително, но мајка ми беше упорна. Веруваше дека тоа е добра прилика за мене, а и јас и верував нејзе.
По многу наговарања, доби дозвола од татко ми, а особено кога ни понудија 1000 евра однапред. Бев пресреќна, и не знаев дека во тој момент започнува мојот пекол, се исповеда несреќната девојка.
Воопшто не ни стигнавме до Виена. Жената која ме најми ме доведе до некоја кафана на автопатот каде ја чекаше еден маж. Ме измерка и рече дека одбрала добро, и дека ќе бидам добра за на шипка. Во тој момент сфатив што се случува.
Таа ноќ ме тераа да играм на шипка и да се соблекувам. А потоа следуваше најлошото. На почетокот ги одбивав мажите што ми ги праќаа во собата, но тие се жалеа. Секој пат кога одбивав да ми прават што сакаат, доаѓаше човек и ме тепаше, а често и ме силуваше за да ми покаже дека немам избор. Не се обидов да избегам бидејќи се закануваа дека ќе ми го убијат семејството. Поминував денови заклучена во соба, далеку од нив, чекајќи раните да заздрават. Но, раните не заздравуваа бидејќи секој ден ме злоставуваа.
Се плашев, но кога по едно од многубројните силувања ме претепаа толку многу што не можев да станам, знаев дека морам да бегам. Имав среќа, за прв пат после долго време во кафаната немаше никој. Истрчав и почнав да бегам низ шумата, иако се ме болеше.
Во полицијата ми требаше многу храброст да им раскажам што се преживеав. По некое време сфатив дека морам да кажам, бидејќи ако молчам некоја друга девојка ќе заврши како мене, раскажува храбрата девојка.
Нејзината приказна направи голем пресврт во борбата против трговијата со луѓе. Се здружија неколку центри за заштита на жртвите на трговијата со луѓе, а снимен е и документарен филм, кој има за цел да ја подигне свеста за ваквиот вид криминал.
Приказната на Катерина е една од трите приказни што се обработени во документарниот филм, а сите три приказни се вистинити и ги опфаќаат моделите по кои криминалците ги намамуваат жртвите.
Се започна така што еден ден дома ни се појави жена која тврдеше дека и треба бебиситерка за своите деца во Виена. Татко ми не сакаше да ме пушти д

Пронајдете не на следниве мрежи: