Ники Белза (33), келнерка од Лас Вегас, останала со една огромна дојка бидејќи ѝ се инфицирал пирсинг на брадавицата, предизвикувајќи труење на крвта.Таа прв пат вградила силикони кога имала 21 година и оттогаш потрошила 18.000 фунти на уште две операции за зголемување на градите. Но, откако случајно го искорнала пирсингот на брадавицата, неколку месеци подоцна Ники се разбудила во агонија – и покрај тоа што раната првобитно зараснала.
Болката во левата дојка, која таа прво ја припишувала на истегнат мускул, наскоро станала неподнослива и на Ники ѝ се слошило на работа. Наскоро била во болница мислејќи дека ќе умре, бидејќи имала и температура од 40 степени. Имала инфекција со стрептокока А, која ѝ ја пренел сопругот Си Џеј (45), кого пред три недели го болело грло.
Бактеријата била причинител за смртоносен облик на труење на крвта, сепса, која го уништила ткивото на нејзината дојка, па поради тоа хирурзите морале целосно да ѝ го отстранат имплатантот за да ѝ го спасат животот.
„Бев очајна бидејќи останав само со една дојка. Сега сум рамна од една страна. Но, среќна сум што сум жива. Не можам да поверувам дека толку проста процедура, како што е пирсингот, може да доведе до сепса“ – вели таа.
Имунитетот на Ники е послаб и таа во моментов закрепнува, но се надева дека за шест месеци ќе вгради нов имплант.Таа прв пат вградила силикони кога имала 21 година и оттогаш потрошила 18.000 фунти на уште две операции за зголемување на градите. Но, откако случ