Енијас и Џејдон се 13-месечни сијамски близнаци кои наскоро ќе бидат оперирани. Докторите се исправени пред голем предизвик бидејќи таков случај во кој близннаците се споени со главите се јавува еднаш во 2,5 милиони случаи.Родителите на децата, Никол и Кристијан, ги добиле децата со царски рез во септември минатата година во Чикаго.
За да им овозможат нормален живот и иднина, родителите се јавиле во болницата Монтефјоре во Бронкс, во Њујорк каде што веќе има тим кој со години наназад успешно извршува операции на раздвојување на сијамски близнаци.
Трошоците за операцијата се околу 2,5 милиони долари.
Според статистичките податоци, вистинско чудо е што овие момчиња успеале да доживеат 13 месеци, бидејќи 40 отсто од сијамските близнаци кои се споени со главите се мртвородени. Од оние кои преживуваат, секое трето бебе умира во првите 24 часа од раѓањето.
Раздвојувањето на близнаците не гарантира дека момчињата ќе минат без последици. Постои шанса еден од нив да има компликации во развојот. Иако се свесни за последиците, родителите се решени децата да се раздвојат, бидејќи во спротивно, нивниот животен век може да биде многу краток.
Се предвидува дека операцијата ќе трае минимум 20 часа, а по неа момчињата ги очекува 72 часа интензивна нега.Родителите на децата, Никол и Кристијан, ги добиле децата со царски рез во септември минатата година во Чикаго.
За да им овозможат нормален