Претажна објава на Фејсбук: Тоа се последните моменти со неа!

Најтешката задача на светот е последниот поздрав со саканата личност…Лаура Левис (34) починала по страшен напад на астма. Нејзиниот сопруг Петер тоа го скршило. На фејсбук објавил многу трогателно писмо во кое пишува колку ја сакал, им се заблагодарува на сите кои се грижеле за неа, персоналот во болницата во која во несвест ги поминала последните седум дена од својот живот…
„Сакам да ви заблагодарам на сите вас кои ја сакате најубавата жена на светот, Лаура Левис, која е моја жена, моја најдобра пријателка, моја вечна сродна душа независно во која димензија е сега.
Вчера на 4-от кат на интензивна нега во болницата Кембриџ се случи нешто неверојатно. На Лаура ѝ бевме потебни повеќе од било кога досега, ѝ бевме потребни веднаш. Ги повикав сите луѓе кои минаа во нејзиниот живот и со нешто оставија трага- од луѓе од детството до соседи и слично.
Ги повикав сите да дојдат во болницата и да ѝ кажат да продолжи да се бори, да бидат покрај неа. Не знаев колку луѓе ќе се појават, немаше многу време. Првите се појавија околу 5 часот, а потоа почнаа да додаѓаат се повеќе. Ја наполнија цела чекална, а потоа почна да се исполнува и друга. Никој во болницата никогаш не видел ништо слично, но благодарен сум им на сите што дојдоа.

 
Лаура и јас минатиот петок планиравме да одиме на начоси после работа. Таа се радуваше за тоа, се одрекуваше од јаглехидрати цела недела. Затоа во ресторанот нарачав за сите начоси. Нејзина пријателка свиреше на гитара и пееше, нејзината кума донесе многу фотографии, а нејзиното и моето семејство се потсетуваа на сите случки. Раскажувавме, се смеевме и плачевме во исто време, се прегрнувавме.
Еден по еден влегуваа во нејзината соба која беше излепена со фотографии од нашиот живот, од нашата венчавка ред две години.

Сите ја држеа за рака, ѝ кажуваа колку ја сакаат, колку ги инспирирала во животот, колку е убава и секси, забавна, умна и колку голем борец е- најсилната жена која некогаш ја запознале.
Знам дека го слушнала секој збор со својата душа, кога веќе не можеше со ушите. Мојот пријател запеа песна во болница, онаа истата која ја пееше на нашата венчавка. Сите плачеа.
Лаура секогаш ќе биде со мене, ќе биде дел од мене. Наголемиот дел од мене. За тебе, љубов моја, мој мал лемуру. Чекај ме“.Лаура Левис (34) починала по страшен напад на астма. Нејзиниот сопруг Петер тоа го скршило. На фејсбук објавил многу трогателно писмо во кое пишува

Пронајдете не на следниве мрежи: