Млада физерка од Дербишир објавила на Фејсбук застрашувачки фотографии од болнички кревет каде го минала изминатиот месец борејќи се за живот.„Ова не се убави фотографии, но ја покажуваат реалноста и она што бактерискиот менингитис може да му го направи на телото“, напишала Чарли Колехин (18) во потресната исповед со која сака да ја прошири свеста за оваа сериозна болест.
Во продолжение опишала како од моментот која се појавил осипот и за само еден час се проширил, нејзиното тело потполно се „скршило“.
Се започнало со галвоболка и повраќање, кога еден ден се вратила од работа. Отишла со надеж дека за кратко ќе ѝ биде подобро. До следното утро а телото се појавил осип кој постепено се проширувал. Девојката итно била префрлена во болница откако поначе да ѝ откажуваат органите.
Откако докторите ја стабилизирале, ја префрлиле во друга болница каде сега чека ампутација на екстремитетите кои ги нападнала инфекцијата.
На фотографиите се гледа како телото на девојката е прекриено со црвени дамки. Поради инфекцијата ѝ отекле и рацете и нозете.
„Докторите се фокусирале на горниот дел од телото, поради што нозете ми се тотално оштетени, посебно стапалата, дефинитивно ќе останам без нив“, напишала. „Ова не се убави фотографии, но ја покажуваат реалноста и она што бактерискиот менингитис може да му го направи