Сигурно, барем од најдобра намера, на своето дете сте му купиле барем еден пар ортопедски обувки. Специјалист за ортопедска хирургија и трауматологија, прим. д-р Љубомир Георгијевиќ, објаснува зошто тие се лоши за стапалата на децата.-На детскиот оддел на „Институтот Бањица“ работев цел свој живот, а началникот на детскиот оддел кој имаше капацитет од 126 постели, бев преку 20 години. Направив голем број на операции на детски стапала поради конгенитални аномалии, но и стекнати деформации. Како докажан експерт, морам да реагирам на скорешни текстови објавени во некои весници за наводна нештетност на чевлите за мали деца – со овие зборови ја започнува објавата.
-Детето се раѓа со стапало кое од плантарна страна (табанска) има дебел масен слој, а што на првите прегледи некои неискусни педијатри ги прогласуваат за рамни стапала. Таквата конфигурација на детското стапало е најнормална, бидејќи масниот слој под кожата е предвиден да ги штити подлабоките слоеви од можна повреда во најраниот период по проодување, па сѐ до четвртата година од животот.
Во тој период, детето ќе застане со боса нога на секој предемт на подлогата бидејќи нема животно искуство. Искуството полека го стекнува и со четири години јасно разликува опасни предмети на подлогата. Во првите денови по проодувањето ќе застане на стакло и секој друг предмет што ќе го повреди, воедно ќе биде и ново животно искуство. Обувките со „убаво извајана влошка“ од разни производители говорат за нивниот „напор“ да го научат вашето дете на некаква погодност. Поради тоа цените на обувките за бебиња и деца чинат како да се број 56.
Всушност, секоја влошка го упропастува детското стапало. ЗОШТО? На плантарната страна од стапалото се наоѓаат два слоја, по осум мускули, кои исклучиво служат да го одржуваат сводот на стапалото и предниот попречен свод. Слојот на масното ткиво во првите четири години штити од повреди осум плантарни гасции и таа група мускули и пропратните крвни садови и нерви. Поради својата маса ја „прикриваат“ формата на сводовите и тоа ги прелажува педијатрите. Затоа лесно се одлучуваат да прогласат „рамни стапала“.
Кога ќе сместиме влошка во обувката, вршиме притисок на коскената структура на стапалото, предизвикувајќи привидна конфигурација на сводот. Кога детето би можело да ви соопшти во тој момент кога првпат ќе му облечете обувка со влошка, би ви рекло дека „има чувство како да има камен во чевелот.“
-Со такви „анатомски“ обувки целосно ја исклучуваме функцијата на плантарната мускулатура и кога таа мускулатура која во потполност е исклучена од функцијата, атрофира и ја изгуби секоја функција и сила да ги одржува сводовите во физиолошка состојба, стапалото се „руши“ и тогаш навистина станува „рамно стапало.“
За децата се најдобри обувки кои имаат добро покриено стапало заштитено од влага и ладно, без било каква влошка со нормална пропорционална пета кон големината на обувката, за да детето има впечаток дека босо чекори со нога по рамна подлога. Ва најраниот дел од движењето, кога најчесто се движат по дома, исклучиво да се употребуваат плетени чевли, како што ги прават бабите.
Па во почетокот и за првото излегување во двор или парк, а уште подобро во топлите месеци, детето треба да биде босо. Да се пошегувам, но сега сум и малку посериозен, кога ќе велам дека обувки на детето треба да купите кога тоа ќе застане сред соба и ќе каже „ќе сака ли некој и на мене да ми купи обувки?“
Патики не се потребни додека детето не почне да се занимава со спорт, бидејќи скоро сите патики имаат вградена влошка.-На детскиот оддел на „Институтот Бањица“ работев цел свој живот, а началникот на детскиот оддел кој имаше капацитет од 126 постели, бе