Една од најпознатите хуманитарки на дваесетиот век, Мајка Тереза (1910-1997), денес ќе биде прогласена за светица во римокатоличката црква и ќе постане Света Тереза од Калкута.Мајка Тереза, родена во Македонија како Агнеса Гонџа Бојаџи, позната е по основањето на редот „Лоретски сестри“. Овие чесни сестри денес имаат установи во 130 земји во светот, каде им помагаат на сиромашните и болните.
Поради своето несебично залагање, но првенствено поради две чуда кои Ватикан ѝ ги признал, Папата ќе ја прогласи за светица.
Папата Јован Павле Втори го прифатил првото чудо на Мајка Тереза, кое било признато во 2002 година.
Година дена, по нејзината смрт, индијката Моника Басра се излекувала од тумор на абдоменот.
Таа раскажала дека оздравела бидејќи се молела на Мајка Тереза и во рацете стискала медаљон со нејзина слика.
На крајот на минатата година, Ватикан соопштил дека Папата Фрањо, потпишал одлука за признавање на друго чудо, кое се препишува на работата на Мајка Тереза, што овозможува таа да биде прогласена за светица.
Ватикан, тогаш објавил дека второто лудо кое ѝ се препишало, вклучува необјасниво оздравување на бразилецот Марсиљ Хадад Андрин, кој пател од смртоносна болест на мозокот. Сопругата на болниот се молела за помош на Мајка Тереза и тој оздравел.Мајка Тереза, родена во Македонија како Агнеса Гонџа Бојаџи, позната е по основањето на редот „Лоретски сестри“. Овие чесни сестри дене