Ла манха негра, црна и растеглива супстанца, првпат се појавила во 1986 година на улица во Каракас. Се обидувале да ја отстранат на разни начини, но секогаш се враќала.Црната дамка (ла манха негра) е мистериозна растеглива супстанца, која првпат се појавила во 1986 година на улица во Каракас, Венецуела. Ја опишуваат како масна, црна и растеглива супстанца, слична на гума за џвакање. Се верува дека во нејзиниот состав има прав, масло и разни органски и синтетички материјали.
Кога се појавила, прекривала околу 45 метри од патот, а први ја забележале работници кои работеле на обнива на асфалтот поставен пред 30 години. Во почетокот не предизивикала загриженост, но набрзо се раширила.
Прво прекривала 100 метри, па километар и половина, а потоа се раширила на 13 километри. Кога било топло, дамката се ширела и станувала водеста, а кога ќе заладело, се собирала и се сушела. Пет години откако била откриена, објавена е првата вест дека оваа лизгава материја довела до повеќе од 1800 смртни случаи и голем број повредени во сообраќајни несреќи.
Владата на Венецуела, во соработка со стручњаци од САД, Канада и Европа, изделила повеќе од милион долари за да го решат овој проблем, но дамката секојпат се враќала.
Во 1994 година Министерството за сообраќај и комуникации се обиде да ја испере мистериозната дамка, потоа да ја иструга, за на крајот да стави потполно нов слој асфалт. Но, и тогаш се појавила. Конечно, на крајот преку дамката истуриле еден тон вар за да ја исушат. Овојпат се чинело дека исчезнала, а со неа и сите проблеми, но повторно се појавил проблем. Од варта се дигала голема прашина, па возачите и жителите од околината се жалеле дека не можат да дишат.
Во јануари 1996 година поради неодржување на сообраќајниците, малите врнежи, и неквалитетните возила, дамката повторно се појавила. Со специјално средство за чистење од Германија дамката била остранета.
Жителите на Каракас можеле да здивнат. Но, само до 2001 година, кога повторно се појавила на неколку улици во Каракас.
Дали се работи за природно истекување на битумен?
Иако поминаа десетлетија, сѐ уште многу малку се знае за црната дамка. Најчесто се верува дека се работи за природно истекување на битумен, што е невозможно ако се земе превид дека се забележани случаи нафтата да го најде патот до површината. Меѓутоа, венецуелското ресорно министерсто истакнува дека составот на асфалтот не е на никој начин поврзан со оваа супстација.Црната дамка (ла манха негра) е мистериозна растеглива супстанца, која првпат се појавила во 1986 година на улица во Каракас, Венецуела. Ја опишува