„Ме силуваше секој викенд. Тоа траеше неколку години додека не дознав дека сум бремена. Беше малку по мојот 14- ти роденден“, раскажала Полин Шилдс.Храбрата Полин Шилдс се откажала од своето право на анонимност за да го отвори срцето и да раскаже дека била дрогирана и силувана шест години како дете, пред да го роди својот син.
Полин, пред три години дознала дека човекот кој ја силувал, инаку пријател на нејзиниот брат, силувал 13- годишно девојче. Бидејќи излегол од затвор, повторно бил на улицитево Шкотска,а токму тоа ја натерало Полин да проговори за другите жртви да се јават и да го пратат повторно во затвор.
„Сигурна сум дека има повеќе жртви кои, како мене, се преплашени да зборуваат и затоа сега одлучив дека е време да ја раскажам својата вистина“, вели таа.
Имала само 7 години кога мајка ѝ починала од рак, а татко ѝ секогаш бил на пат бидејќи возел камион. Останала со постариот брат кој не можел да се грижи за неа.
Била менално и физички злоупотребувана. И таа и нејзиното милениче. На 9 или 10 години одлучила да си ги скрати маките, така што испила кутија таблети и шише виски.
„Дури и тогаш, се сеќавам дека размислував за тоа како да го заштитам миленичето доколку умрам“.
Залудно се обраќала до јавноста за помош.
„Прв пат знам дека бев силувана на 11 или 12 години. Можеби и порано кога сум била во несвест. Мојот брат беше во затвор кога татко ми се разболе од срце. Ми рече да дознам од неговите пријатели во кој затвор се наоѓа. Отидов во куќата на тоа момче, а еден од момците кои ме злоставуваше со години беше таму и ме одведе внатре. Ме дрогираше и потполно ме силуваше. Ми рече дека не смеам никому да кажам ни збор за тоа што се случило, дека ќе го убие мојот татко“, се присетува Полин:
„Ми кажа дека тој е мојот негувател. Ме силуваше секој викенд. Тоа траеше неколку години додека не дознав дека сум бремена. Тоа беше малку после мојот 14-ти роденден.“
Полин се борела со својата тајна и се грижела за синот Дарил, додека силувачот, таткото на нејзиното дете служел затвор.
„Тоа што ми се случи додека бев дете се уште е со менеХрабрата Полин Шилдс се откажала од своето право на анонимност за да го отвори срцето и да раскаже дека била дрогиран