Франсес Жиле знае како да ги порекне очекувањата.Оваа жена од Велика Британија е најстарата личност на светот која боледува од Даунов синдром. Таа штотуку наполни 75 години.
За роденденот пријателите ја изненадија со забава во центарот за нега, што таа го нарекува свој дом.
„Неверојатно е тоа што таа ја достигна оваа возраст“, вели управителот на центарот.
Жиле е родена на 31 јули 1941 година, и се прогнозирало дека ќе живее до 20 години.
Но, благодарение на напредувањето на медицината, животниот век на луѓето со оваа состојба драстично е зголемен и бројката се накачила на 60 години.
Жиле изјавила дека толку многу се израдувала на забавата-изненадување, што се стрчала до првиот човек што го видела (фотографот од локалниот весник) и силно го гушнала.
Оваа жена од Велика Британија е најстарата личност на светот која боледува од Даунов синдром. Таа штотуку наполни 75 години.
За роденденот