Кога надвор е претопло или вежбате повеќе од вообичаено, може да забележите непријатна миризба што доаѓа од просторот зад ушите.Непријатната миризба не се отстранува така лесно, а ако го допрете делот со рака, таа се пренесува на прстите и се што ќе фатите со нив. Материјата што мириса непријатно всушност се лачи од порите на ушите, но таа не мириса исто како онаа што се лачи внатре во ушите.
Оваа материја помага кожата да биде мазна, но ако ја имаме премногу може да дојде до акни, гноење и скапување на делови од кожата.
Еве како да се ослободите од миризбата:
-Избришете го местото со влажни марамчиња. Во никој случај немојте да ставате парфем или колонска вода на местото, бидејќи таму има насобрано бактерии и мирисот ќе се прошири.
-Истријте го местото со алкохол: Ставете малку алкохол на памук и тријте за бактериите што се размножуваат да умрат. Сепак, не претерувајте со овој метод, бидејќи може да ја исушите кожата.
-Есенцијално масло од грозје: Помага да се ослободите од мирисот и ја освежува кожата.
-Антигабична крема: Мирисот може да е предизвикан од габички, но ако не помине или се влоши веднаш посетете лекар.Непријатната миризба не се отстранува така лесно, а ако го допрете делот со рака, таа се пренесува на прстите и се што ќе фатите со нив