Пред време доста се зборуваше дека едни тела имаат форма на круша, други на јаболко, а трети, можеби, на морков. Звучи глупаво споредбата на телото со овошје или зеленчук, но всушност се покажува дека има доза на вистина.Постои и фразата: „Ти си она што јадеш“. Првично, таа предизвикува претстава за исхрана, за тоа како треба да се јадат јаболка и пилешко дома, а не пица и помфрит надвор. Но, всушност се покажува дека зад оваа фраза се крие нешто сосема важно и значајно.
Што се однесува на овошјето и зеленчукот, тие дури личат телесни органи. И не само тоа, туку и можат да придонесат за здравјето на овие органи.
Ова е листа со 19 видови на корисна храна за слични делови на телото
1. Морков – Око
Еден парче морков изгледа исто како човечкото око. Според истражувањата, јадењето моркови значително го подобрува протокот на крв во очите. Бојата на морковите доаѓа од Бета каротинот (телото го користи за набавката на витамин А), што ѝ помага на ретината и другите делови на окото за да функционираат беспрекорно. Бета каротинот го намалува ризикот од развој на катаракта. Други јадења, кои исто така би му помогнале на Вашиот вид се марула (содржи лутеин и зеаксантин), жолчка (извор на лутеин и цинк), цитрус и бобинки (многу витамин Ц), бадеми (витамин Е), лосос, туна и скуша, богати со омега 3 масни киселини.
2. Домат – Срце
Личи на срце повеќе од било кој друг плод и зеленчук. Постојат четири комори и е со црвена боја, исто како срцето е црвено и со четири комори. Истражувањата потврдуваат дека доматите изобилуваат со ликопен и навистина помагаат за здравјето на срцето. Консумацијата на ликопен го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Доматите се одличен извор и на витамин Ц, кој е од клучно значење за здравјето на срцето. Други јадења кои се корисни за срцето се: јогурт, суво грозје, грав, јаболка, ореви, лешници, ф'стаци, јаболка и црно чоколадо.
3. Грозје – Бели дробови
Многу наликува на алвеолите на белите дробови. Тие претставуваат разгранување на помали дишни патишта, кои завршуваат со мали разгранувања на ткивото, наречени алвеоли. Оваа структура му овозможува на кислородот да помине од белите дробови до крвотокот. Исхрана со вклучено грозје докажано го намалува ризикот од рак на белите дробови и емфизем. Семињата содржат супстанција наречена проантоцинидин кое се смета дека помага при намалување на потешкотијата на веќе развиена астма предизвикана од алергија. За подобро здравје на белите дробови се препорачува и потрошувачката на повеќе вода, јадење на калинки (го забавуваат растот на тумори), лути пиперки (содржат капсаицин, кој го подобрува протокот на крв и стимулира слузницата), како и јаболка (витамин Ц и А).
4. Грав – Бубрези
Помага за одржување на бубрежната функција. Гравот обезбедува разновидност на минерали и витамини кои се корисни за здравјето. Дури и да немате проблеми со бубрезите, балансирана исхрана со консумација на грав може да придонесе за здравјето. Интересен факт за гравот е дека има високи количини на влакна, протеини и железо, што го прави исклучително вредна храна. Други јадења со поволен ефект врз бубрезите, се зелка, карфиол, лук и кромид.
5. Авокадо – Матка
Авокадото е исклучително корисен зеленчук за здравјето и правилното функционирање на матката и грлото на матката. Тој е со форма на грлото на матката. Истражувања докажуваат дека бремена жена која редовно јаде авокадо, може полесно да ги балансира хормоните, да го симне вишокот тежина и дури да спречи рак на грлото на матката. Интересен факт е како што едно бебе му требаат 9 месеци за да се развие целосно во утробата на мајката, така и на авокадото му требаат 9 месеци додека се претвори во зрел плод.
6. Целер – Коски
Овој зеленчук има за цел зајакнување на коскениот систем. Коските се состојат од 23% натриум, кој може природно да се набави преку целерот. Исто така, целерот содржи и витамин К, витамин А, калиум и витамин Ц. Овој зеленчук содржи 1,6 гр. влакна на 100гр.
7. Компир – Панкреас
Слаткиот компир има впечатлива сличност со панкреасот, а и е докажано дека помага за вршење на функциите на панкреасот, како и дека го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Слатките компири го балансираат и гликемискиот индекс кај дијабетичарите. Имаат висока содржина на витамин Б6, за кој студии покажале дека го инхибира растот на ракот на панкреасот.
8. Печурка – Уво
Печурките се одличен извор на витамин Д, кој е од суштинско значење за спречување на губење на слухот.
9. Ѓумбир – Стомак
Коренот на ѓумбир изгледа слично на желудникот и е познат, ефикасен и исклучително одличен начин за лекување на дигестивните проблеми. Оваа силно зачинета состојка се користи во бројни рецепти во целиот свет. Потрошувачката на ѓумбир обезбедува и многу лековити својства. Ако имате забавен дигестивен систем, тој е одличено решение, бидејќи го лекува гастроинтестиналниот проблем и ослободува од вишокот гасови. Помага и за жолчна секреција, а таа од своја страна го потпомага варењето. Интересни факти покажуваат дека ако добиете први знаци на гадење, тогаш само треба да испиете чаша топла вода со ѓумбир и тие ќе исчезнат или барем ќе се олеснат симптомите.
10. Орев – Мозок
Оревите со нивната хемисфера многу личат на мозокот. Студиите покажуваат дека тие се една од најдобрите видови храна за него. Човечкиот мозок се состои од околу 60 проценти структурна масти и бара висок квалитет на масни киселини за да го одржува во течна и флексибилна состојба. Мембранските клетки се направени од основните масти, вклучувајќи омега 3 масни киселини. Тие ги одржуваат мембраните флексибилни и го поттикнуваат протокот на електрични импулси. Омега 3 масните киселини ја подобруваат функцијата на мозокот. Истражувања дополнително откриваат и дека консумацијата на ореви може да ги потпомогне когнитивните функции и да го намали ризикот од прерана смрт.
11. Смоква – Тестиси
Смоквата е позната во народната медицина со својство да го зголемува бројот на сперматозоидите во машкиот полов систем, како и за надминување на машката неплодност. Смоквите се богати со семиња кои се распаѓаат откако созреат. Исто така се и одличен извор на многу супстанции, кои може да ги искористи човечкото тело, како што се: калциум, магнезиум, витамин Ц, витамин А, фосфор и витамин К. Во смоквата има и лутеин, цинк, селен, бакар и фолна киселина.
12. Женшен – Човечко тело
Секоја гранка на женшенот има пет листови, исто како дланката на човекот, а средната е можно подолга, како средниот прст кај луѓето. Постојат неколку видови женшен, кои се со различни форми и личат на различни делови од човечкото тело. Постои изрека дека кога некој дел од телото е има проблеми, тогаш треба човек да се храни со сличен дел од женшен. На пример, ако имате проблеми со органите, тогаш треба да консумирате од средниот дел на женшенот. Ако имате проблеми со нозете, треба да ги јадете продолженијата. При проблеми со бубрезите се препорачуваат плодовите. Апаланатумот природно расте во телото на дрвото, изгледа како тумор и има ефект врз превенцијата и лекувањето на тумори во човечкото тело.
13. Грејпфрут – Гради
Грејпфрутот, портокалите, како и други агруми изгледаат токму како млечните жлезди на дојката и всушност му помагаат на здравјето на градите и движењето на лимфата во и од градите. Грејпфрутот содржи супстанции наречени лимоноид за кои е докажано дека го инхибираат развојот на рак во човечките клетки на дојката.
14. Банана – Насмевка
Бананите содржат протеин наречен триптоган. По консумација, тој се претвора во серотонин, кој од своја страна испраќа „среќни“ хемикалии во мозокот. Сератонинот е познат и се опишува на многу места како хормон на среќата.
15. Кромид – Клетки
Кромидот наликува на клетките на организмот. Истражувањата покажуваат дека кромидот ги чисти отпадните материјали од сите клетки на телото. Дури и солзењето на очите, може да предизвика чистење на епителните слоеви од очите. Фитохемикалиите во кромидот го подобруваат дејството на витаминот Ц во телото, а со тоа го подобруваат и имунитетот. Тие содржат и дополнително хром, кој помага во регулирањето на шеќерот во крвта.
16. Црвено вино – Крв
Црвеното вино е здраво за срцето. Алкохолен пијалок богат со антиоксиданси кои ја штитат слузницата на крвните садови. Црвеното вино содржи и полифеноли, од кои еден – ресвератрол, ги штити крвните садови од понатамошно оштетување. Студиите покажуваат дека ресвераторот го намалува лошиот холестерол, го спречува создавањето на крвни згрутчувања и поседува антиинфламаторни својства кои можат дополнително да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести. Тоа колку корисна ќе биде чаша црвено вино е и силно поврзано со неговиот квалитет и нечистотиите кои често се додаваат вештачки кон него.
17. Остриги – Тестиси
Истражувањата покажуваат дека остригите се многу корисни за машкиот полов орган. Студиите спроведени во Холандија, дошле до заклучок дека диета со остриги содржи многу цинк и фолна киселина, која значително може да го подобри квалитетот на семената течност. Во март 2015 година. американски и италијански научници направиле истражување при кое зеле сурови остриги, користејќи процес наречен високо ефикасна течна хроматографија, за да ги утврдат специфичните аминокиселини присутни во остриги. Тие откриле е-аспарафинова киселина и Н-метил Д-аспартат кои ги инјектирале во стаорци. Овие аминокиселини биле во интеракција со други хемикалии во телата на стаорците и дошло до зголемено производство на тестостерон кај машките стаорци и прогестерон во женските кои покачување нивното либидо. Лекарите заклучиле дека навистина остригите и школките се силен афродизијак. 1
8. Маслинки – Јајници
Маслинките ги потпомагаат здравјето и функцијата на јајниците. Италијанско истражување покажа дека жените чии диети вклучуваат многу маслиново масло, имаат 30% помал ризик од рак на јајниците. Причините за тоа се нејасни, но корисните масти во маслото можат да помогнат да се потиснат гените кои се предиспонирачки за развој на рак.
9. Брокула – Kлетки на ракот
Гледаno од крупен plan, малите зелени глави на брокулите изгледаат како сто на број канцерогени клетки. Тим од истражувачи во САД до[le до заклучок дека е потребна една порција брокула неделно, за да се намали ризикот од рак на простата за 45%. Брокулите се и богат извор на протеини и витамин Ц.Постои и фразата: „Ти си она што јадеш“. Првично, таа предизвикува претстава за исхрана, за тоа како треба да се јадат јаболка и пилешк
Пронајдете не на следниве мрежи: